„Стражарите Твои, Господи, ги раскажаа сите чудеса; но соборот на суетните со мито им ја наполни нивната десница, мислејќи да го скрие Твоето Воскресение, што светот го слави: помилуј нѐ“ (хвалитна стихира на Утрена во Вторник од Светла седмица).

 

На 18.04.2017 година, на Третиот ден од Воскресението Христово, во манастирот „Воскресение Христово“ во с. Могилец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Саше Костадиноски, Боге Богески, Александар Матески и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово.

latest jordan Sneakers | Best Nike Air Max Shoes 2021 , Air Max Releases and Deals
Повеќе...

„Пред Твоето зачнување, Господи, еден ангел ѝ рече на Благодатната: Радувај се! Еден ангел го тргна и каменот од гробот при Твоето Воскресение. Едниот навестувајќи знаци на радост наместо тага, а другиот, наместо смрт, проповедајќи ни Го Животодавецот Господа. Добротвору на сите, Господи, слава Ти“ (хвалитна стихира на Утрена во Понеделник од Светла седмица).

 

На 17.04.2017 година, во Понеделник од Светла седмица - Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Темелко Донески, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот струшки народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

url clone | jordan Release Dates
Повеќе...

„За Тебе, распнатиот Господ и погребан, ангелот проповедаше и на жените им говореше: Дојдете, видете каде лежеше Господ, зашто Он воскресна, како што рече, како сесилен. Затоа Ти се поклонуваме Тебе, единствениот бесмртен, Животодавче Христе, помилуј нè“ (стихира на Господи повикав... во светата и Велика Недела на Пасха Вечер).

 

На 16.05.2017 година, во вечерните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, според традицијата во нашиот град, беше отслужена свечена Пасхана вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослуѓба беше прочитано и дел од Евангелието според Јован на повеќе јазици (црковнословенски, македонски, грчки, латински, француски, англиски, италијански и руски), а потоа беше прочитано и Велигденското послание, испратено од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј, со црвено јајце, им го честита Празникот над празниците на мноштвото верни чеда, со најрадосниот поздрав за човештвото: Христос воскресе!   

Sports brands | Altra Timp 3 Review , Best Trail Running Shoes 2021
Повеќе...

Овој ден го создаде Бог, за да се зарадуваме и развеселиме во него. Христос воскресна од мртвите, со смртта ја победи смртта, и на оние во гробовите им даде живот вечен. Затоа нека се весели небесата и нека се радува земјата и нека празнуваат сите, зашто воскресна Христос, нашата вечна радост!

 

На 16.04.2017 година, на најсветлиот ден на Воскресението Христово, денот кога дојде спасението за целиот свет, централната прослава на Дебарско-кичевската епархија се одржа во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде беше објавено Воскресението Христово и каде беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На овој најсветол ден присуствуваше неизброен верен народ, како од Македонија, така и од сите страни на светот, а меѓу присутните беше и Претседателот на собранието на Р. Македонија, г-дин Трајко Вељаноски. По објавувањето на најрадосната вест, беше прочитано и Велигденското послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, го испрати до сите верни чеда, а истото ви го пренесуваме во целост.

Sport media | Nike Air Max
Повеќе...

„Со смртта го преобразуваш смртното, а со погребението гнилежното го претвораш во негнилежно, и со Твоето Божество нè извлекуваш од бездната, зашто Твоето тело, Владико, не виде распаѓање, ниту Твојата душа беше оставена во адот странец да биде“ (песна од Канонот на Утрена на Велика Сабота).

 

На денот кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, на Велики Петок навечер, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Игор Никовски, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата и Опелото Христово, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike air jordan Sneakers | New Releases Nike
Повеќе...
Страница 143 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1