Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон

 


АРХИПАСТИРСКИ ОБРАЗЕЦ ЗА СЛЕДЕЊЕ

 

Ваши високопреосвештенства и преосвештенство, Богољубиви архипастири,
Богусеоддајни високопреподобија, Преподобни монаси и монахињи,
Високопречесни и чесни отци, Браќа и сестри во Господа,
Честит и благословен нека Ви е двојниот јубилеј, г. Тимотеј,
Најбогољубиви митрополите на најсветата митрополија во Охрид,
На многаја лета!


„Ако проповедам Евангелие, нема за што да се фалам:
бидејќи тоа ми е должност; а тешко мене, ако не проповедам" (1. Кор. 9,16).

 


Почестен сум денес да говорам за промоција на значајното дело на митрополитот г. Тимотеј, насловено Охридски источник - Проповеди во 5 тома, од кои ќе се осврнам на последните три тома: третиот со 368 страници, четвртиот со 345 и петтиот со 372 страници или вкупно: 1 085 страници. Во нив, пак, 91 беседа во третиот, 85 во четвртиот, 93 во петтиот и вкупно: 269 беседи, изговорени во период од 5 години: 2010-11; 2012-13; 2014-15 година. И, се разбира, делото не е завршено. Ова е дело со целоживотна задача. Дај Боже, нека се умножи!


Здодевна е статистикава, знам, но уште малку и ќе преминам на моите погледи кон делото и кон авторот. Сакам, прво, да ја согледаме обемноста на ова дело, а потоа ќе говорам за големината на личноста и за постигнувањата.


Овие 300 беседи се напишани, изговорени и отпечатени поуки и слова на митрополитот Тимотеј, на празничните и неделните богослужби, по ред, според календарската година или по други поводи. Тоа е пастирската сеидба на архипастирот, како богослужител, учител, мисионер, проповедник и душегрижник за својот народ. Тоа е сеење на словото Божјо и евангелизација на луѓето (Матеј 13,3-30). На тој начин, Евангелието продира и се остварува во народот - проникнува во народното битие, во неговиот бит и култура, постанувајќи негов начин на живеење и спасување, „бидејќи тоа е сила Божја за спасение на секој што верува", вели светиот апостол Павле (Рим. 1,16).

bridgemedia | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff
Повеќе...

6 ноември 2016


Дваесетта недела по Педесетница
Св. мч. Арета и 4299 мч-ци со него; св. Елезвој Етиописки; св. мч-чка Синклитикија; св. Атанасиј, патр. Константинополски

 

Промотивно слово
на Митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф за I и II том Беседи
на митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Ваши Високипреосвештенства, Ваше Преосвештенство - богомудри архиереи на Црквата Христова, високопреподобни отци, пречесно свештенство и во Христа ѓаконство, преподобни монаси и монахињи, возљубени и богољубиви браќа и сестри. 

Добро е позната спасоносната улога на Православната црква и на нејзината ерархија во историјата на човештвото.

Затоа, угодно му беше на Духот Свет, кој сè соединува во Христа, и кој ја устројува Црквата како ерархиска институција, односно како Тело Христово, како вистински Утешител, на Собранија да посветува нови епископи, но исто така на собранија и да ja излива изобилно својата благодат. Зашто, каде што се двајца или тројца, собрани во Негово име, таму е и Духот Утешителот.


Затоа, со особена радост и задоволство, а пред сè со благодарност кон Бога, се одважив да одговорам на племенитиот предлог на нашиот домаќин, Високопреосветениот Митрополит дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј, и да говорам на ова собрание после Собранието. А поводот е голем! Собрани сме овде, во Охрид, со двоедина радост, за одбележување на триесет и пет годишнината од неговата архиерејска служба и издавањето на неговите собрани беседи, кои се плод на неговото долгогодишно и од Бога благословено пастирствување.

Sports News | NIKE RUNNING SALE
Повеќе...

Црквата, според својата структура, е богочовечки организам, кој е складен само тогаш кога сите негови служби и дарови се во меѓусебна согласност. Затоа и апостолот Павле вели: „И не може окото да и рече на раката: Не си ми потребна, ниту, пак, главата на нозете: Не сте ми потребни... за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за други (1Кор. 12, 21-25). Единството на Црквата е евхаристиско, но и ерархиско. Затоа и светите отци кажуваат дека Црквата е единствена тогаш кога сите заедно, и епископите и свештениците и ѓаконите, заедно со верниот народ, се собрани заедно. И уште: следете го епископот како Христа, и не правете ништо без епископот, зашто тој е икона Христова, без кого или без чиј благослов, не може да се принесе вистински принос на Бога во Евхаристијата. Ете толку е голема улогата на епископите во Црквата. Ете сега ни станува јасно зошто Црквата толку многу внимавала и ги избирала за епископи само оние, кои од Бога биле предизбрани за оваа возвишена, но и тешка и одговорна служба.

 

Затоа и денеска, се собра целата Македонска православна црква, да го прослави тешкиот архиерејски крст на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој достојно и несебично го носи веќе 35 години на своите плеќи. Прославата на овој голем Јубилеј 65 години од раѓањето и 35 години архиерејско служење на Митрополитот Тимотеј во Македонската православна црква - Охридска архиепископија, започна ден претходно со свечена воскресна Вечерна богослужба, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Кирил Јованоски, Ромео Петрески, Сашо Ристески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски.

latest Running | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News
Повеќе...

„Иако не можев, како што прилега, да ти испеам песна угодна, отче Прохоре, но ти, светителу, прими го ова мое мало и бедно молење, и сметај го за големо; и кога стоиш со ангелите пред Престолот на Господа, и мене недостојниот спомнувај ме, та, откако ќе ги избегнам замките на лукавиот, да бидам наследник на Царството, и со сите праведници да запеам: Пејте Му на Господа и превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Утрена на преподобен Прохор Пчински).

 

На 01.11.2016 година, на споменот на преподобниот отец наш Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните чеда. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Buy Sneakers | Nike Air Max 270
Повеќе...

„Вистинската ревност ја возљуби, имајќи Го Христа како котва најсигурна, Неговиот лик ни го остави, пред да заминеш кај Него, за утеха, оче Константине и слава на Троица“ (Хвалитна стихира на Утрена на св. Константин Кавасила).

 

На 31.10.2016 година, денот кога го чествуваме споменот на светиот апостол и евангелист Лука и на светиот Констанин Кавасила, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | 『アディダス』に分類された記事一覧
Повеќе...
Страница 153 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1