„Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на преподобна Параскева).
На 27.10.2016 година, на денот кога го прославуваме споменот на преподобната мајка Параскева - света Петка, во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните и се обрати кон нив со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.
Sports brands | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf