„Денес и реката Јордан преславно се радува, кога од неплодната старица слушна за раѓањето на оној што, по живот, им беше рамен на ангелите, кој ги израмни патеките пред Господа, и ја крсти вселената“ (песна од канонот на Утрена на Иванден).

 

На 07.07.2015 година, во манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“, по сеноќното бдение, а во чест на празникот Раѓање на свети Јован Крстител - Иванден, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритот Партениј, игумен на манастирот, еромонасите, Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј, свештениците Никола Христоски, Благоја Спироски и Миле Ангелоски, протоѓаконите Дени Насков и Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати пред мноштвото верници со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sport media | New Balance 991 Footwear
Повеќе...

„Науме преблажени, следејќи го извонредно примерот на Христовите ученици и, откако ја остави татковината, родот и домот и привремените работи, и сладострастието на сите красни нешта, ревносно и со разгорен дух си ги следел Кирила божествениот и Методија, богомудрите и премудри проповедници на Словените. Со нив богато си ја примил и наградата од самиот Владика и Спасител на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на преподобниот Наум Охридски Чудотворец). 

 

Празнувањето на светиите во православната Црква всушност претставува празнување и величање на Бога, Кој се покажува како прекрасен во Своите светии. Силата на подвижништвото, оставањето на сите светски убавини, но и чудотворството дадено на оние кои се соединиле со Христа, ја покажува извонредната Божја сила и промисла за човековиот род. Таков светија е и нашиот Наум Охридскиот Чудотворец, кој се подвизуваше како апостолите, а со својата вера и чудеса го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Ваквата благодат и присуство Божјо ги чувствува и нашиот верен народ, но и сите кои барем еднаш во животот го посетиле светилиштето на Црноризецот.

best shoes | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf
Повеќе...

„Свештеномаченику Еразмо, ти си слава и пофалба на архиереите, и пример на сите отечки учења, кој ја прими благодатта на чудеса, и со своите учења ја изобличи прелеста идолска. Затоа, имајќи смелост пред Бога, моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Слава... на господи повикав... на Вечерна на свети Еразмо Охридски).

 

На 14 и 15 јуни го прославивме споменот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец, на кога се поклонуваат и му се молат сите кои барем еднаш поминале од местото на неговото светло подвизување. Охридскиот и струшкиот народ, но и сите луѓе кои застанале во овој манастир, отсекогаш имале огромна почит кон овој наш застапник пред Бога, за што сведочат и многуте чуда, извршени врз оние кои за тоа му се помолиле. Затоа и во овие два изминати дена, манастирот беше преплавен од неизброен верен народ, кој повторно и одново доаѓа да ги приклони своите колена пред свештеномаченикот и пред Бога. 

 

Празнувањето започна на 14 јуни, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Утредента беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен и чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

jordan Sneakers | NIKE AIR HUARACHE
Повеќе...

„Како пристаниште на спасението, сега достојно да ги восфалиме: Крстителот, апостолите, пророците и мачениците со испосниците, божествените учители и свештеници, соборот на патријарсите и доброславните свештеномаченици, богољубивите жени, преподобните и праведните“ (песна од канонот на Утрена на Недела на сите светии).

 

На 07.06.2015 година, денот кога ја прославивме Неделата на сите светии, во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани, Охридско, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Темелко Донески, еромонахот Вартоломеј, игумен на манастирот, свештеникот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа беше осветена и новата камбанарија.

 

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
Повеќе...

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во седмицата по Педесетница, беше организирано поклоничко патување за свештенството од Епархијата во Италија. Цел на нашата посета беа моштите на светиот првомаченик Стефан, светите бесребреници Козма и Дамјан, и се разбира, на моштите на светиот Никола во Бари. Со Божји благослов и допуштение, беше отслужена и света архиерејска Литургија на гробот на светиот Никола Мирликиски, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереите Димче Ѓорѓиески и Борислав Лазов, свештениците Никола Христоски, Васко Голабоски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, а Литургијата, со прекрасното пеење, ја разубави дипломираниот теолог Виктор Недески од Охрид. На Литургијата присуствуваа и други православни верници, а некои од нив и пристапија кон светиот Путир. 

Nike footwear | Air Jordan Sneakers
Повеќе...
Страница 177 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1