„Кога со леењето солзи го угасна распалувањето на телесните срасти, а го запали огнот на божествената љубов, ти се озари со бесмртноста на Царот Христос, и Му се придружи Нему, добра девојко, и со Него влезе во духовната палата. Параскево, моли се за душите наши" (стихира на Слава... на Господи повикав... на Вечерна на преподобна Параскева).

На 27.10.2014 година, на празникот на преподобната мајка Параскева – света Петка, во манастирот „Св. Петка" во с. Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Кипријанов, Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодно слово, кое во целост ви го пренесуваме.

Running sport media | spike shoes nike running shoe size chart boys

Повеќе...

„Жива палата Христова, а на верните бедем и покров и сила: Со тебе, Богомајко, твојот град се спасува; со твојата помош се овенчуваат правоверните цареви; оние што секогаш со тебе се фалат, носат победи над незнабошците, зашто ги покриваш со омофорот на милоста твоја" (стихира на Господи повикав... на Мала вечерна на Покров на Пресвета Богородица).

Sportswear free shipping | Marki
Повеќе...

На 12.10.2014 година, во Осумнаесеттата недела по Педесетница, и на празникот на преподобниот Киријак Отшелник и на светиот Теофан Милостив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Митре Попоски, свештениците Никола Христоски, Ристе Наумоски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. Козма и Дамјан" („Св. Врачи") во с. Враништа, Струшко. Храмот започна да се гради во 20009 година, а ктитор на истиот е Новко Плаќаноски од с. Драслајца, Струга. Изградбата беше помогната и со донациите на локалното население и од сите верници од пошироката околина. Откако храмот беше осветен, веднаш беше отслужена света архиерејска Литургија, на која Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

trace affiliate link | New Releases Nike

Повеќе...

На 11.10.2014 година, на празникот на преподобниот Харитон Исповедник и светиот пророк Варух, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј и свештениците Никола Христоски и Атанас Казанџиски, изврши осветување и го положи камен-темелникот за новиот храм „Преподобна мч-чка Параскева Римјанка" („Св. Петка") во Пештани, Охридско. Храмот ќе се гради по иницијатива и во организација на црковниот одбор при храмот „Св. Кузман и Дамјан" во Пештани, а со донациите на локалното население и на сите добронамерни верници.

jordan release date | Sneakers

Повеќе...

На ден 09.10.2014 година, на празникот Упокојување на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување и го положи камен-темелникот за новиот храм „Св. Петка" во с. Требеништа, општина Дебарца, Охридско. Храмот ќе се гради по иницијатива на Дуклески Благоја и Слободан, а во организација на црковниот одбор од истото село.

Buy Kicks | Sneakers Nike Shoes

Повеќе...
Страница 190 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1