„Делата на твојот извор, Богородице, навистина беа побројни од песокот и од дождовните капки, кои богато и непрестајно се излеваа на целата земја, и секој тешко болен бргу го исцелува“ (песна од Канонот на Светли петок).

На 25.04.2014 година, на Светли петок, кога ги славиме и чудата на Пресветата Дева Марија, кои се случиле во храмот, наречен Живоносен Извор, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач и беше извршен чинот на Водосвет во светла седмица.

latest Nike release | Buy online Sneaker for Men

Повеќе...

На 24.04.2014 година, на Светли четврток, според локалната традиција, во манастирот „Св. Јован Богослов“ – Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј ги поздрави верните со најторжествениот поздрав: Христос воскресе, а потоа беше извршен и чинот на Водосвет во светла седмица и беше прекршен празничниот колач.

jordan Sneakers | Converse Chuck 70 National Parks - Red Bark / Malted / Gold Dart – Spartanova

Повеќе...

На 22.04.2014 година, кога го прославивме третиот ден од Воскресението Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Темелко Донески, свештениците Никола Христоски, Ристе Наумоски, Петре Бојчиноски и Васко Голабоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое го истакна значењето на Воскресението Христово за човековиот род, но и му порача на верното стадо дека треба да отфрлиме секакво зло, страст и непријателство, па Севишниот Бог да нè удостои и нас да учествуваме во Неговото Воскресение и во вечниот живот. Христос воскресе! 

latest Nike Sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger

Повеќе...

На 21.04.2014 година, по повод вториот ден од најторжествениот христијански празник Воскресение Христово, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски, Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј ги поздрави верните чеда со радосниот поздрав: Христос воскресе, а свештеникот Александар Матески им подели нафора. 

Nike air jordan Sneakers | Sneakers

Повеќе...

Во Великата недела на светата Пасха Христова, на 20.04.2014 година, во попладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, според традицијата, беше отслужена Вечерна богослужба. Според Типикот, на оваа Вечерна служба се чита на повеќе јазици и Евангелието според евангелистот Јован, во кое се зборува за јавувањето на Воскреснатиот Христос на учениците. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик, во сослужение на архимандрит Нектариј (француски јазик), протоереј-ставрофор Сашо Богданоски (латински јазик), протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Димче Азески (грчки јазик), Горан Ставрески, Владо Недески (англиски јазик) и Ѓорѓи Блажески (македонски јазик), протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски (руски јазик) и ѓаконот Сашо Целески (италијански јазик). Свештеникот Никола Христоски ја прочита и Велигденската честитка од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, а Митрополитот Тимотеј на сите присутни верници им го честита најголемиот и најрадосниот празник Велигден, делејќи им велигденско јајце, како симбол на Христовиот гроб, од кој се раѓа нов живот и поздравувајќи ги со торжественото: Христос воскресе!

latest jordans | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

Повеќе...
Страница 198 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1