„Христе, Ти си рекол дека оние кои веруваат во Тебе нема да видат смрт; но, како што сум Јас Светлина од Светлината, така и вие ќе се просветите со Мене во славата Моја; зашто Јас, вистинскиот Бог, дојдов да ги спасам оние кои во вистинско православие Ме почитуваат како единствен Господ Бог: двоен по природа, Бог и Човек, а еден по ипостас. Затоа Твојот верен раб, кој така Те исповедаше, упокој го со светиите во светлината на Твоето лице, како човекољубив“ (самогласна стихира Дамаскинова од опело на свештеник).

 

Ништо така лесно не се заборава како разделбата на човек со човек, зашто ако некое време и го спомнуваме, на смртта веднаш забораваме - ете вака пее црковниот песник, потврдувајќи ја таа човечка нарав да заборави дека сите еден ден ќе се претставиме пред страшниот, но и милостив Судија, нашиот Бог и Отец. Некои, пак, луѓе, истакнати во верата и љубовта, тешко се забораваат, особено ако поживеале во побожност и добрина, според Божествената заповед, самите живеејќи, а со тоа учејќи ги и другите да живеат според Божјата волја. Ете таков беше и нашиот Митрополит Тимотеј, кој сиот свој живот го посвети на Црквата Христова и на Црквата Македонска, не штедејќи се ниту во моментите кога надоаѓаа големи искушенија, ниту пред самата смртна постела. Ете се навршија и четириесет дена од неговото блажено упокојување, од неговото блажено претставување пред Милостивиот Бог, од каде сега сигурно цврсто се застапува за таа своја Црква, за која дишеше и живееше. Сѐ е суета, сѐ човечко што по смртта не останува е суета, зашто сѐ се уништува, но вистинската љубов никогаш не умира. А таа љубов на нашиот Митрополит Тимотеј ни дава задача, ни дава задолжение, аманет, но и смелост да Му извикаме на бесмртниот Цар: Господи, удостој го Твојот раб, блажено упокоениот Митрополит Тимотеј, за Твоите вечни блага, упокојувајќи го во вечен живот. 

Повеќе...

„Се фали градот Охрид, кој се збогати со твоето божествено тело, отче, примајќи постојано светлина и благодат која тече непрестајно. Него штити го, неразурнат од рацете на непријатели“ (песна од канонот на Утрена на свети Климент Охридски).

 

Светиот Климент Охридскиот Чудотворец, чуварот на нашиот град и на нашата света Македонска црква, и оваа година беше прославен во манастирот од каде илјадници верници постојано секојдневно ги просат неговите молитви за исцеление и за застапништво пред Бога. Празнувањето на нашиот патрон започна ден порано, на 07 декември 2024 година, во вечерните часови, со Вечерна богослужба, на која служеа протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Роберт Илијевски и Васил Михајлоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Повеќе...

Во вера, и надеж, и љубов, и кротост, и чистота, и во свештеничко достоинство побожно си поживеал, незаборавен. Затоа предвечниот Бог, Кому и Му служеше, Самиот Он ќе го всели твојот дух во место светло и прекрасно, каде што блаженствуваат праведниците, и на Христовиот суд ќе добиеш прошка и голема милост (Тропар, глас 2-ри, од свештеничко опело)

Долго време се мислевме со какви зборови да го почнеме овој последен текст и достојно да го испратиме нашиот духовен отец и Владика, Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, кој цели 43 години ја раководеше оваа благословена епархија и нашиот духовен македонски центар, балканскиот Ерусалим, градот Охрид. Што ќе биде достојно да се каже за овој наш незаборавен духовен лидер, молител, проповедник, застапник, татко, другар, справедлив раководител и верен исполнител на словото Божјо? Тешко е да се мисли и да се зборува кога умот го надвјасуваат темни облаци. Но, сепак, не смееме ниту да плачеме и ридаме како оние кои немаат надеж, зашто Христос воскресна, и стана првина за умрените, и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него (1. Сол. 4, 13-17).

Повеќе...

 

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.
Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!

Дебарско-кичевска епархија

„Ангелските чинови со страв стојат пред Твојот престол, Владико Христе Боже, и оттаму постојано просветлувани со зраци, гласно ти пеат песна победничка: По нивните свети молитви, мир на светот дарувај му, а на душите наши - милост голема“ (стихира на Слава... по Полиелејни псалми).

 

На 21.11.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на св. архангел Михаил и на другите бесплотни Сили, во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света Литургија, на којашто началствуваше архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а беше прочитана и беседата од нашиот Митрополит Тимотеј, којшто ја упати до присутните и до сите верни чеда. Истата ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...
Страница 2 од 292

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5