„Не сметајќи ја за ништо привремената убавина, си поднел различни маки, радувајќи се, Георгие, со надеж во божествениот живот. Пренебрегнувајќи ги страшните измачувања, со цврста душа си говорел: Дела Господови, пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Утрена на св. вмч. Георгиј).
Откако го прославивме светиот великомаченик Георгиј, според одамна востановената традиција во Струга, празнувањето продолжи и ден потоа, на 07.05.2016 година. Празнувањето на Великиот Георгиј, започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, со кое ги поучи верните дека секој кој сака да земе учество во Воскресението Христово, треба да земе и учество во Неговиот Крст.
Mysneakers | adidas Yeezy Boost 350