„Радувај се, Пречиста Владичице, очистилиште на светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што тебе ти пеат“ (песна од Канонот на Пресвета Богородица).

 

На 18.03.2016 година, во петокот од Првата седмица на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ беше отслужено Мало повечерие, заедно со првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски. По завршувањето на Акатистот, многубројниот верен народ, со почит и молби кон Пресветата Мајка Божја, пристапи кон целивање на акатистната икона, просејќи од Пречистата застапништво пред Нејзиниот Син и наш Бог.

Best Sneakers | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify
Повеќе...

„Пазени со чесниот крст на Твојот Син, Владичице чиста Богородице, секој напад на непријателот сите лесно го одбиваме. Затоа, како што прилега, те именуваме блажена, како Мајка на Светлината, единствената надеж на душите наши“ (крстобогородичен на седални на Утрена во средата од прва седмица). 

 

На 16.03.2016 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, оние кои три дена се воздржуваа од секакво јадење и пиење, најпрво се причестија со Телото и Крвта Христови, а потоа и примија од светата вода - агиазма. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме.

Sportswear free shipping | Nike Shoes
Повеќе...

„Засветли благодатта Твоја, Господи, засветли просвештението на душите наши. Ова е време благопријатно, ова е време за покајание; да ги отфрлиме делата на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината; и, откако ќе ја препливаме големата морска ѓир на постот, да стигнеме и до тридневното Воскресение на Господа и Спасителот наш Исус Христос, Кој ги спасува душите наши“ (стиховна стихира на Вечерна од Недела сиропусна).

 

На 13.03.2016 година, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, според веќе одамна воспоставената традиција, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, се помоливме на Господа за Он да ни даде сила и благодат за добро да го започнеме Велигденскиот пост, но и вистински да го изодиме патот на покајанието. На крајот, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Димче Азески се обрати со пригодно слово кон многубројниот верен народ, а потоа и сите еден од друг побараа прошка за направените гревови и престапи, та очистени од секаков грев и горчина, да влеземе во овие денови на пост и покајание, а Семилостивиот Бог да нè удостои да го дочекаме и светото Христово Воскресение. 

jordan Sneakers | Nike SB
Повеќе...

„Воздивни сега, душо моја несреќна, и повикај кон Христа: Господи, Кој заради мене доброволно осиромаши, мене, кој се лишив од секое добро дело, збогати ме со богатството на добри дела, како добар и единствен многумилостив“ (песна од Канонот на Утрена во Неделата на блудниот син).

 

На 28.02.2016 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на св. ап. Онисим, преп. Евсевиј и св. Ефросинија и Пафнутиј, а по повод 40 години од упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, игуменот Агатон, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконите Антонио Дујовски и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен и Парастос по повод 40 години од упокојувањето на Митрополитот Методиј, а Архиепископот Стефан се обрати кон многубројните верници со пригодна беседа.

trace affiliate link | Aimé Leon Dore x New Balance 550 'Red' — Ietp
Повеќе...

„Страдалнику Харалампие, ти се покажа како столб на Црквата, неизгаслив светилник на вселената и, откако болсна посветло од сонцето, ја прогонуваш идолската темнина; славен маченику, моли Го Христа Бога, да ни дарува милост голема“ (седален на Утрена на свети маченик Харалампиј).

 

На 23.02.2016 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот маченик Харалампиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блжевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, според вековната традиција, беше осветен медот, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верниците. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата, со која Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо.

latest Nike release | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177
Повеќе...
Страница 171 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6