„Богородица слушна јазик што не го знаеше, кога Архангелот ѝ ги пренесе зборовите на радосната вест. Затоа таа со вера го прими поздравот и Те зачна Тебе, предвечниот Бог. Поради тоа и ние, радувајќи се, Ти викаме: Боже, Кој се воплоти од неа неизменливо, мир на светот дарувај му, а на душите наши - милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Благовештение).

 

Великиот Архангел Гавриил денеска ја објавува најрадосната вест за човечкиот род - Оној Кој е предвечен, денес неизменливо се воплотува од Пречистата, за да го спаси човекот од оковите на смртта. Денес Светиот Дух ја осени Дева, која од името на сиот човечки род се принесува како жртва и зема учество во домостројот на спсението. Затоа и ние радосно пееме: Радувај се, Благодатна, Господ е со тебе, Кој има голема милост

 

На овој за сите нас радосен ден, на 07.04.2015 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Владо Недески, Љупчо Бакрачески, Роберт Илијевски и Миле Алексоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

url clone | Nike Shoes, Sneakers & Accessories
Повеќе...

„Сионе, Царот Твој Христос влегува во тебе, седнат на младо осле, за да ја разруши безумната измама идолска и да ги запре невоздржаните стремежи на сите народи, за да пеат: Сите дела (Господови), пејте Му на Господа“ (песна од Канонот на Утрена на Цветници).

 

Денеска Логосот Божји, седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста. Откако го воскресна четиридневниот Лазар од мртвите, доаѓа во Ерусалим на добороволно страдање, а дечињата го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот Давидов; благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев. На тој начин, овие најмали, но и најчисти души, ја најавуваа Христовата победа над смртта. 

 

На 05.04.2015 година, на празникот Цветници, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски, Владо Недески и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата, беа осветени врбовите гранчиња, во спомен на гранчињата со кои малите деца Израилеви го пречекаа Спасителот на светот. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на многубројните верници, а потоа се обрати кон нив со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

Sports News | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ
Повеќе...

„Агницата Христова и ќерка, со песни да ја прославиме сега, Марија вечно споменуваната, која се покажа како египетска овца, и сета нивна прелест ја избегна, и како единствен совршен цвет на Црквата се принесе, со воздржување и молитва над мерата на човечката природа. Затоа единствениот Седржител ги возвиси и животот и делата на Марија преславната“ (икос на Утрена на Петта недела од Великиот пост).

 

На 29.03.2015 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобната Марија Египетска, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Asics footwear | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
Повеќе...

„О севоспеана Мајко, која Го роди Словото - посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние што ти пеат: Алилуја!“ (кондак 13 од Акатистот на Пресвета Богородица).

 

На 27.03.2015 година, во Петокот од петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужен последниот на Пресвета Богородица во овогодинешната света Четириесетница, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски. Многуброен верен народ дојде да се помоли и да ја побара заштитата од нашата света Мајка и постојана застапничка пред Престолот на Севишниот Бог. По завршувањето на Акатистот, свештеникот горан Ставрески се обрати кон верниот народ со кратко поучно слово.

jordan release date | シューズ
Повеќе...

„Христе Боже, Кој на крстот се прикова со разбојници и со Твојата рана природата човечка ја исцли, не презирај ме мене, кој паднав во рацете на духовни друмски разбојници, и кој сум соблечен од нив од добродетели и сум тешко ранет. Ниту еден од преподобните не можеше да ме исцели, зашто сум полу мртов. Бидејќи остатокот од животот ми е многу краток, надеж имам само во Тебе, Кој им даваш живот на мртвите. Но, раните превиткај ми ги со Твојата добрина, единствен Човекољупче“ (стихира на стиховни на Утрена во Петок од петтата седмица од Великиот пост).

 

На 27.03.2015 година, во Петокот од петтата седмица од Великиот пост и на празникот на преподобниот Бенедикт Нурсиски, како и по повод именденот на монахот Бенедикт, старешина на манастирот „Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Никола Христоски и еромонахот Ефросиниј. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Running sports | NIKE HOMME
Повеќе...
Страница 187 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6