„Имајќи во себе бура од помисли на сомневање, целомудрениот Јосиф  се смути кога те гледаше тебе – безбрачната, помислувајќи, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога дозна дека твоето зачнување е од Светиот Дух, рече: Алилуја!“ (кондак четврти од Акатистот на Пресвета Богородица).

На 27.02.2015 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, во првиот Петок од Великиот пост, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Никола Христоски. Многубројниот верен народ се помоли на Пресветата Владичица, барајќи од неа сили и застапништво за добро да го поминеме Великиот пост и со радост да го дочекаме Воскресението Христово. 

Nike sneakers | Nike Air Max

Повеќе...

„Апостоли божествени, за светот најтопли молитвеници, и на православните – заштитници, кои имате смелост и моќ пред Христа нашиот Бог; ве молиме, сечесни, молете се за нас, доброто време на постот светло да го завршиме и благодатта на едносушна Троица да ја примиме. Великопроповедници славни, молете се за душите наши“ (стихира од Вечерна богослужба на Среда од прваа седмица на светиот пост).

На 25.02.2015 година, во првата Среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветените дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, кон многубројниот верен народ, со пригодна беседа се обрати Митрополитот Тимотеј, која интегрално подолу ви ја пренесуваме.

jordan release date | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...

Светата Црква Христова, како грижлива Мајка, со поуките за смирението и покајанието, нè подготвуваше веќе неколку недели наназад за светиот Велигденски пост. А еве веќе денес стигнавме и до неговиот почеток, давајќи ни уште едно средство за влез во Царството Небесно – проштевањето. Според дамнешната традиција во нашата црква и епархија, на 22.02.2015 година, на празникот Прочка, во вечерните часови се отслужи Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставорофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На крајот од Вечерната богослужба, се помоливме и за почетокот на Великиот пост, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Никола Христоски се обрати кон верниците со пригодно слово. На крајот, според обичајот, сите побараа прошка еден од друг, за опростени и очистени од секаква омраза и непријателство, да можат да го започнат Великиот пост и со радост да го дочекаат Воскресението Христово.

Sportswear free shipping | Men’s shoes

Повеќе...

На 19.02.2015 година, во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски, со свечена празнична Вечерна богослужба започна торжеството по повод празникот на преподобниот Партениј епископ Лампсакиски, како и во чест на именденот на духовниот водител и игумен на Бигорската обител, архимандритот Партениј. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот Веле Спиркоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, свештениците Никола Христоски, Дејан Секулоски, Владо Недески, Васко Голабоски и Бобан Митевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески, Ѓорѓи Делев и Миле Ангелоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, најпрво се обрати Митрополитот Тимотеј, кој им го честита празникот на сите присутни, а посебно му го честита именденот на архимандритот Партениј со желби уште многу години правилно да го води поверената му паства, а со застапништвото на преподобниот Партениј. Збор зеде и заменикот на игуменот на манастирот, еромонахот Доситеј, кој во името на монаштвото му го честита именденот на нивниот духовен водач и му подари прекрасен игуменски крст. Откако доби честитки и желби за добро здравје и од страна на верниците, архимандритот Партениј се заблагодари на Митрополитот Тимотеј, како и на сите негови духовни чеда, со порака дека сите дела и успеси во манастирот се постигнати со заеднички подвизи и напори.

Nike Sneakers | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106

Повеќе...

На 16.02.2015 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржан редовниот состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија. На состанокот беше одобрена Завршната сметка на Епархијата за 2014 година, а беше одобрен и Предлог буџетот на Епархијата за 2015 година. Исто така, беа разгледани и повеќе писма и акти,  а се отвори тема и по повеќе прашања, поврзани со животот на Епархијата.

На состанокот присуствуваа:

  • Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во својство претседател на ЕУО на ДКЕ Охрид
  • Архимандрит Нектариј (Најдоски)
  • Протоереј-ставрофор Илија Танаскоски
  • Протоереј Димче Ѓорѓиески
  • Д-р Светослав Маџаров
  • Д-р Сашо Цветковски
  • Д-р Стојмир Петкоски и
  • Свештеник Никола Христоски, во својство секретар и записничар на ЕУО на ДКЕ Охрид.

Running Sneakers | Nike Air Max 270

Повеќе...
Страница 189 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6