На 24.01.2015 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор на МПЦО во Австралија г. Тимотеј, чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола" во Кабрамата, Австралија, во сослужение на протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата, Митрополитот Тимотеј го освети новиот иконостас во резба, а по завршувањето на Литургијата, се обрати кон верниот народ со пригодно слово.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
Собор на Свети Јован Крстител

На 20.01.2015 година, на празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во храмот „Св. Јован Крстител, во Џилонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на МПЦО во Австралија г. Тимотеј, во сослужение на повеќе свештенослужители од Австралија и во придружба на протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот леб, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот македонски народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
latest Nike release | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp
Богојавление и осветување на камен-темелник на Македонски културен центар во Мелбурн

На 19.01.2015 година, на празникот Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, во храмот „Успение на Пресвета Богородица во Сиденхам, Мелбурн, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на МПЦО во Австралија, во сослужение на повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата беше извршен и чинот на Голем (Богојавленски) водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.
Sport media | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ
Богојавление - Водици

На 19.01.2015 година, со свечена Василиева Литургија во храмовите на Дебарско-кичевската епархија, беше одбележан празникот Богојавление – Водици. Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, и оваа година беа осветени водите на Охридското Езеро, каде, според традицијата, беше фрлен и светиот Крст во водите на Белото Езеро. Крстот оваа година го фати Цветан Мицковски од Охрид, а по потекло од с. Белчишта.
Во сослужение на повеќе свештенослужители, беа осветени и водите на реката Црн Дрим во Струга, каде крстот го фати Никола Јанкоски од Струга, а по повод празникот, свечен ручек организираше годинешниот кум, г-дин Боро Симјаноски. Кум за наредната година во струга ќе биде г-дин Христијан Ковачески од Струга.
Adidas shoes | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp
Осветување на храмот "Успение на пресвета Богородица" во Сиденхам, Мелбурн

На 17.01.2015 година, на празникот на Собор на 70 апостоли и преподобен Теоктист, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на МПЦО во Австралија, изврши осветување на храмот „Успение на Пресвета Богородица" во Сиденхам, Мелбурн, Австралија. Претседател на МПЦО „Успение на Пресвета Богородица" е г-дин Владо Трпчески, а парохиски свештеник е протоереј-ставрофор Ефтим Бетински. Храмот се изгради со донациите на македонските православни верници од Мелбурн. Откако беше осветен храмот, според Црковниот устав, Митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија, во сослужение на повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон присутните верници, која интегрално ви ја пренесуваме.