Оваа вероучителна книга од о. Томас Хопко, претставува мал катихизис и дава можност секој христијанин да ги запознае основите на својата вера – како основните догматски вистини, така и практичните елементи на духовниот живот. Преку неа ќе научите што е Свето Писмо, а што свето Предание? Што е света литургија, кои се свети отци, а кои светители? Зошто се важни вселенските собори? Што е тајната на Символот на верата? Што се ангели, а што нечисти духови? Зошто Бог е Света Троица и многу други основни нешта на нашата вера. Книгата е во превод на македонски јазик на протоерејот Димитрије Кочоски.
Формат: мека корица
Цена:





