,,Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносче великомачениче Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.”1
На 16 ноември, Светата Православна Црква го празнува споменот на преносот на моштите на светиот великомаченик Георгиј Победоносец од Никомидија во градот Лида Палестинска и обновувањето на неговиот храм.
По тој повод, на 15 ноември, во манастирот „Свети Георгиј“ – Кнежино, беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на епархиското свештенство.
Веднаш по Вечерната богослужба, во манастирската трпезарија беше промовирано делото „Кичевско архиерејско намесништво (1914–2026)“, чиј автор е свештеникот Ристе Наумоски.
Празнувањето продолжи и наредниот ден, кога во истоимениот манастир беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на епархиското свештенство.
Нека е на многу години!























































- Тропар на св.вмч. Георгиј Победоносец ↩︎






