Оваа книга е составена од два дела. Едниот е историски дел, којшто зборува за ранохристијанскиот период, почнувајќи од првите векови, преку средновековието, преродбата и најновата историја. Вториот дел ги обработува црквите и манастирите, во кој е даден целосен преглед на свештенослужителите кои дејствувале за времето на овој педесетгодишен временски период како и целосниот Шематизам на црквите и манастирите во Дебарско-кичевската епархија. Оваа книга е издание од 2017 година.
Формат: тврда корица
Број на страни: 695
Цена: 3.000 ден.






