,,Во раѓањето си го сочувала девството, а со Твоето успение не си го оставила светот, Богородице, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.”1
Празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица, нашиот Покров и постојана молитвеничка пред Бога, започна на 27.08.2026 година со празнична Вечерна богослужба и Опело на Пресвета Богородица, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Радоста продолжи наредниот ден, на 28.08.2026 година, кога во истоимениот храм во Македонски Брод беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.
На многу години!








































- Тропар на Успението Богородично. ↩︎






