Луѓе Божји, народе свет, свештено собрание! Да го почитуваме сеќавањето на татковците, да ја возвеличиме силата на тајната. Секој од нас, според мерата на благодатта што му е дадена, да принесе достоен дар кон ова вистинско торжество. Татковците – благосостојба на родот; мајките – благочедност; неплодните – неплодност на грев, девиците – вистинско целомудрие, односно на душата и на телото; брачните – пофално воздржание. Ако некој од вас е татко – нека му подражава на таткото на Дева; ако е некој бездетен – нека воздигне плодотворна молитва, која расте од богоугоден живот. Мајката, која ги храни своите деца – нека се радува заедно со Ана, која воспитала чедо, кое ѝ е дарувано по молитвите во неплодност. Неплодната, која не раѓала, лишена од благословен плод – нека пријде со вера кон богодадената фиданка на Ана и нека ја остави својата неплодност. Девојката, која живее непорочно, нека биде мајка на словото, украсувајќи ја со слово убавината на душата. Брачната – нека принесува умна жртва од плодовите на молитвата. Заедно „момчиња и девојки, старци со децата, земнородни и синови човечки, како богатите така и сиромасите… цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии” (Псал. 148, 12; 48, 3) – сите заедно да славиме во чест на Отроковицата, Мајката на Бог и Пророчицата; од Неа потекна Пророк, пророкуван од Мојсеј, Христос Бог, вистината (5 Мојс. 18, 15).
Поука од Свети Андреј Критски
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Триесет години од осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун
,,Со Твојата доброволна и животворна смрт, Христе, ја разруши вратата на пеколот како Бог, ни го отвори древниот рај и откако воскресна од мртвите, си го избавил нашио живот од гниење.”1 Почитувани верници, Оваа година беа одбележани триесет години од осветувањето на манастирскиот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица во с. Ботун. По тој…
-
Свечено отворање на 50-тото јубилејно издание на „Струшка музичка есен“
На 11.09.2026 година, во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Струга, беше одржано 50-тото јубилејно издание на манифестацијата „Струшка музичка есен“. На свеченото отворање присуствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој имаше поздравно обраќање до присутните. Покрај Митрополитот Георгиј, свои обраќања имаа и проф. д-р Стефанија Лешкова – Зеленковска и д-р Марија Павловска – Шулајковска.…
-
Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител и три нови монашења
,,Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот.”1 На 10.09.2026 година, на денот кога се сеќаваме на…
-
Успение на Пресвета Богородица
,,Во раѓањето си го сочувала девството, а со Твоето успение не си го оставила светот, Богородице, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.”1 Празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица, нашиот Покров и постојана молитвеничка пред Бога, започна на 27.08.2026 година со празнична…
-
Известување по повод празнувањето на Успението на Пресвета Богородица
Почитувани верници, Дебарско-кичевската епархија Ве поканува на молитвено учество во празничното торжество по повод празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица. По тој повод, на 27.08.2026 година (четврток), во навечерието на овој голем празник, со почеток во 17:00 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба…





