Природата на нештата се мери според внатрешната настроеност на душата, односно каква е личноста зависи од тоа што таа мисли за другите. Оној што достигнал вистинска молитва и љубов, повеќе не дели на групи. Не ги одделува праведниците од грешниците, туку сите ги сака подеднакво, и не ги суди, исто како што Бог дава сонцето да свети и дождот да паѓа и на праведните и на неправдните.
Поука од Свети Никита Ститат
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Осветување на нови камбани во храмот ,,Света Богородица Перивлепта” во Охрид
На 18.06.2026 година, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на три нови камбани, дарувани за потребите на храмот и за духовна полза на верниот народ. Нека нивниот милозвучен звук, излеан како повик за молитва и духовно будење, постојано го собира и укрепува верниот народ, сведочејќи за…
-
Свети Свештеномаченик Еразмо Охридски
„Откако се покажа како љубител на Господа, и крстот го зеде на рамо, си Го следел Него и животот си го завршил; Евангелието си го објавил јасно и вистински, во Охрид си ги просветлил сите народи; затоа, удостоен со божествени венци, си примил смелост, преславен ерарху! Поради тоа те повикуваме: Моли се на Христа Бога,…
-
Осветување на камен-темелник на храмот „Свети Јован Крстител“ во с. Кнежино, Кичево.
На 14.06.2026 година, во Втората недела по Педесетница и на денот кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Јустин Философ, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм посветен на свети Јован Крстител во с. Кнежино, Кичево. Со овој свечен чин беше означен почетокот…
-
Известување по повод чествувањето на празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски
Почитувани верници, МПЦ – ОА, Дебарско-кичевската епархија ве поканува на заедничко молитвено торжество по повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, нашиот духовен застапник, чиј спомен торжествено се празнува секоја година. По тој повод, на 14.06.2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски ќе биде отслужена празнична…
-
Средба на Митрополитот Георгиј со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка
На 11.06.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка. Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер.…





