Кога човекот е предаден на страстите, тој не ги гледа во себе и не се одделува од нив, затоа што живее во нив и преку нив. Но кога на него ќе подејствува благодатта Божја, тој почнува да го разликува во себе страсното и гревовното, признава, се кае и решава да се воздржува од него. Почнува борба. Отпрвин таа борба се води против делата, а кога човекот ќе се одвикне од лоши дела, започнува борба со лошите мисли и чувства. И овде таа поминува низ многу нивоа… Борбата трае, страстите сè повеќе и повеќе се искоренуваат од срцето, се случува дури и целосно да бидат искоренети… Знак дека страста е искоренета од срцето е чувствувањето на одвратност и омраза од страста.
Поука од Свети Теофан Затворник
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Празнично торжество во чест на свети Климент Охридски, светите Седмочисленици и светиот великомаченик Пантелејмон
„Свештенотајнику, откако си проникнал во бездната на Божјата Премудрост, богатството на божествените Писанија оттаму си ги нацрпил, со кое елинскиот глас, со словенски јазик си го појаснил, семудри Клименте. Затоа со љубов те славиме.“ Прославата на светиот Климент Охридски, на светите Седмочисленици и на светиот великомаченик Пантелејмон започна на 08.08.2026 година, кога во манастирот посветен…
-
Слово на Архиепископот Стефан изговорено на Светата Литургија на празникот Свети Климент Охридски, светите Седмочисленици и свети великомаченик Пантелејмон
† Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски НАШИОТ ВЕКОВИТ УЧИТЕЛ[1] Со денешнава Света Литургија, којашто, еве, заедно ја отслуживме во овој велелепен храм, молитвено одбележавме две годишнини – 1140 години од враќањето на светите Климент и Наум во Македонија и во Охрид, и 1110 години од упокојувањето на свети Климент, кој бил погребан овде, во својот…
-
Спомен на светата преподобномаченица Параскева Римјанка
,,Девственомаченице, сеславна страдалнице Параскево, со твоите молитви кон Господа, моли се да бидеме избавени од искушенија и невољи, и од идната осуда, ние што достојно го празнуваме твојот спомен, сефална маченице.“1 На 08.08.2026 година, во денот кога го празнуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и светиот свештеномаченик Ермолај, во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти,…
-
Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј присуствуваше на презентацијата на мозаичната икона „Исус Христос на престол“
На 7 август 2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј присуствуваше на свечената презентација на мозаичната икона „Исус Христос на престол“, што се одржа во Галеријата на икони во Охрид. Настанот беше организиран по повод одбележувањето на 75-годишнината од основањето на НУ Завод и Музеј – Охрид и претставуваше можност пред пошироката јавност повторно…
-
Спомен на светиот пророк Илија и на преподобните Пречистански новомаченици и преосветување на храмот во Лактиње
„Тебе, пророкот, Господ те овенча, премудри, дарувајќи ти благодат да ги претскажуваш идните настани како сегашни. Затоа сега, гледајќи го остварувањето на зборовите, како вистински пророк, постојано и со пофалби те славиме.“ 1 На 02.08.2026 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Илија и на преподобните пречистански новомаченици Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј, во храмот „Св.…





