Почитувани верници,
На 30 септември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија.
По повод празникот, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
На многу години!





