Соопштение по повод празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден

Почитувани верници,

На 27 септември си спомнуваме за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден. Дебарско-кичевската епархија со духовна радост ве поканува да го прославиме овој велелепен празник, во кој се воздигнува Чесниот и Животворен Крст, сеќавајќи се на доброволната жртва на Оној Кој, од љубов кон човекот, се прикова на него.

Во Седумнаесеттата Недела по Педесетница, и по повод празникот Крстовден, на 27.09.2026 година, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Во молитвено единство и светотаинска заедница со благодарност кон Бога, да го прославиме Чесниот и Животворен Крст Христов кој е оружјето на спасението и знакот на победата над смртта, преку Кого на светот му се дарува вечен живот.

На многу години!

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ