-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му…
-
За првпат отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски во базиликата „Свети Петар“ во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител. Молитвениот чин го отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски. На молитвеното чествување присуствуваа г-ѓа Сања Митровска, вршител на…
-
Спомен на светиот апостол Тома и годишно свештеничко собрание
Почитувани верници, На 19 октомври, Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот апостол Тома. По тој повод, на 18.10.2026 година, во пресрет на празникот, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во с. Кнежино, Кичево, беше отслужена празнична Вечерна богослужба. Торжеството продолжи наредниот ден, на 19.10.2026 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше…
-
Дваесетта недела по Педесетница
,,Си воскреснал денес од гробот, Штедар, и нас си нѐ извел од смртните врати. Денес Адам ликува и се радува Ева, а пророците, заедно со патријаршите, непрестајно ја воспеваат моќта на власта Твоја.”1 На 18.10.2026 година, во Дваесеттата недела по Педесетница, на споменот на св.мч. Харитина и св. Дионисиј Александриски, во манастирот ,,Свети Наум Охридски”…
-
Литургиско собрание по повод празникот Покров на Пресвета Богородица
Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци.“1 На 14.10.2026 година, на денот кога го празнуваме Покровот на Пресвета Богородица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г.…
-
Деветнаесетта недела по Педесетница и спомен на преп. Харитон Исповедник и св. пр. Варух
„Кога си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш си го умртвил адот со болскотот на Божеството; а кога и умрените си ги воскреснал од бездните, сите сили небесни Ти викаа: Животодавче, Христе Боже наш, слава Ти.“ 1 На 11.10.2026 година, во Деветнаесеттата недела по Педесетница, на споменот на преподобниот Харитон Исповедник и светиот пророк Варух,…
-
Митрополитот Георгиј и претставници од Македонското библиско здружение во посета на Вранишката парохија и ,,Православна младина“
На 10.10.2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, заедно со претставниците на Македонското библиско здружение, протојереј Даниел Јовановски и м-р Дарио Божиновски, ја посети Вранишката парохија во с. Враништа. Најнапред, Митрополитот Георгиј ја посети соборната црква, каде што се запозна со фрескоживописот, мерките за негова заштита и планираните активности за негово зачувување. Потоа, ја…
-
Света архиерејска Литургија во Деветнаесеттата недела по Педесетница во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид
Почитувани верници, Во Деветнаесеттата недела по Педесетница, а на споменот на преподобниот Харитон Исповедник и светиот пророк Варух, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на којашто ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. На многу години!
-
Недела на сите македонски светители и 40-годишнината од епископската служба на Архиепископот Стефан
„Како првини на природата, Засадителу на тварта, вселената Ти ги принесува, Господи, Твоите богоносни маченици. По нивните молитви, Многумилостиве, во длабок мир запази ја Црквата Твоја и народот Твој, преку Богородица.“1 На 4.10.2026 година, во Неделата по Крстовден, а воедно и во Неделата посветена на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.…
-
Спомен на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
„Трите свеќи кои со мудрост сјаеја, Вера, Љубов и Надеж, кои јасно блескаа со просвештение од Света Троица, пресветло ги просветлуваат црквите, заради наше спасение и заштита.“1 На 30 септември 2026 година, во денот кога го празнуваме споменот на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм ,,Света Софија“ во Охрид,…









