Известување по повод две години од упокојувањето на митрополитот Тимотеј

,,Со светиите упокоја ја, Христе, душата на Твојот раб кај што нема болка, ни тага, ни воздишка – но живот бесконечен.“1

Почитувани верници,

На 25 ноевмри 2026, на денот кога Светата Православна Црква го празнуа споменот на светиот Јован Милостив, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, ќе се отслужи света заупокоена Литургија, по повод две години од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј со почеток во 08:45ч.

На Божествената Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Ги покануваме сите верници кои се во можност да присуствуваат и заеднички, преку молитва, да му оддадеме спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј.

  1. Кондак глас 8-ми. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ