Вознесение Христово – Спасовден

,,Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Синот Божји, Избавителот на светот.”1

На 21.05.2026 година, на четириесеттиот ден по Христовото Воскресение, кога светата Црква го празнува Вознесението на нашиот Господ Исус Христос, како и споменот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, во манастирот „Вознесение Христово“ во с. Горно Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

По завршувањето на Божествената Литургија беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа беше прекршен и празничниот колач.

На крајот, традиционално беше извршена свечена литија околу манастирскиот храм и околните полиња, при што верниот народ Го помоли Бога за здравје, мир, љубов, прошка на гревовите, за благовремени дождови и плодна година.

Во продолжение линк од видео материјалот: https://www.facebook.com/share/v/1Gs5BRctap/?mibextid=wwXIfr


  1. Тропар на празникот Спасовден. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК