На 08.07.2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со учесниците на програмата „Birthright Macedonia“, во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
Младите Македонци од различни земји во светот ги споделија своите впечатоци од престојот во Татковината, говорејќи за искуствата што ги стекнале, за нивните очекувања и за можностите за натамошно продлабочување на соработката. Во срдечна и конструктивна атмосфера беше разговарано и за начините за уште посилно зацврстување на духовните и националните врски со татковината, со активно учество и придонес на Светата Црква.











