Митрополит Георгиј
-
Известување по повод празнувањето на св. мч. Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Почитувани верници, На 30 септември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија. По повод празникот, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. На многу години!
-
Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден
,,Крстот е чувар на сета вселена, Крстот е красота на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и рана за демоните.“ На 27 септември 2026 година, во денот кога го празнуваме славното Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Охрид, беше…
-
Соопштение по повод празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден
Почитувани верници, На 27 септември си спомнуваме за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден. Дебарско-кичевската епархија со духовна радост ве поканува да го прославиме овој велелепен празник, во кој се воздигнува Чесниот и Животворен Крст, сеќавајќи се на доброволната жртва на Оној Кој, од љубов кон човекот, се прикова на него. Во…
-
Рождество на Пресвета Богородица и нова монашка рожба во Пречиста
,,Од праведните Јоаким и Ана ни засветли радоста на целиот свет – сепеаната Дева која, поради нејзината преголема чистота, храм Божји оживен станува и, навистина, како единствена Богородица се познава: по нејзините молитви, Христе Боже, мир на светот испрати му, а на друшите наши – милост голема.“1 На 20.09.2026 година, во предвечерието на празникот посветен…
-
Триесет години од осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун
,,Со Твојата доброволна и животворна смрт, Христе, ја разруши вратата на пеколот како Бог, ни го отвори древниот рај и откако воскресна од мртвите, си го избавил нашио живот од гниење.”1 Почитувани верници, Оваа година беа одбележани триесет години од осветувањето на манастирскиот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица во с. Ботун. По тој…
-
Свечено отворање на 50-тото јубилејно издание на „Струшка музичка есен“
На 11.09.2026 година, во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Струга, беше одржано 50-тото јубилејно издание на манифестацијата „Струшка музичка есен“. На свеченото отворање присуствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој имаше поздравно обраќање до присутните. Покрај Митрополитот Георгиј, свои обраќања имаа и проф. д-р Стефанија Лешкова – Зеленковска и д-р Марија Павловска – Шулајковска.…
-
Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител и три нови монашења
,,Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот.”1 На 10.09.2026 година, на денот кога се сеќаваме на…
-
Успение на Пресвета Богородица
,,Во раѓањето си го сочувала девството, а со Твоето успение не си го оставила светот, Богородице, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.”1 Празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица, нашиот Покров и постојана молитвеничка пред Бога, започна на 27.08.2026 година со празнична…
-
Известување по повод празнувањето на Успението на Пресвета Богородица
Почитувани верници, Дебарско-кичевската епархија Ве поканува на молитвено учество во празничното торжество по повод празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица. По тој повод, на 27.08.2026 година (четврток), во навечерието на овој голем празник, со почеток во 17:00 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба…
-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс
На 20.08.2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г-ѓа Никол Варнс. На средбата беше разговарано за богатото духовно и културно наследство на Охрид, градот кој со векови претставува едно од најзначајните духовни средишта на православното христијанство и нераскинлив дел од…









