Поуки
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Објавено на:
Ништо не е подобро од мирот во Христос, во кој престанува секоја борба со поднебесните духови.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Објавено на:
Обележје на една разумна душа е умот да се сврти кон себе и да дејствува во срцето. Тогаш благодатта Божја го осенува умот и тој го достигнува надсветовниот мир.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Објавено на:
Дали е вомзожно да не се радуваш кога со сетилните очи го гледаш сонцето? Меѓутоа, колку е поголема радоста кога умот со внатрешното око Го гледа Сонцето на правдата – Христос. Тогаш човекот навистина се радува со ангелска радост.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Објавено на:
Мирот во душата се стекнува со страдање. Патот на оние што сакаат да Му угодат на Бог минува низ многу тешкотии.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Објавено на:
Должни сме своите мисли, желби и дејства да ги концентрираме на стекнување на мирот Божји.
-
Поука од Преподобен Гаврил Ургебадзе
Објавено на:
Има една изрека кај светите Отци: ,,Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото: прво, дека е на небото; второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види, и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму”.
-
Поука од Преподобен Исак Сирин
Објавено на:
Господи, биди им застапник на сите што преминале од овој свет без добродетелен живот и вера, заради телото што го зеде од нив, за од единственото сплотено тело на светот да Го прославиме Отецот, Синот и Светиот Дух во Царството Небесно, бескраен извор на живот вечен.
-
Поука од Преподобен Сергиј Радонешки
Објавено на:
Православните христијани се должни непоколебливо да пребиваат во Православието, да го чуваат едномислието еден со друг и нелицемерната љубов, да ја чуваат чистотата на душата и телото, да се пазат од зли и нечисти желби, со умереност да јадат и пијат и, пред сѐ, да се украсуваат со смирение, да не го оставаат гостеприемството, да…
-
Поука од Преподобен Јустин Ќелиски
Објавено на:
Во тестото на човековото битие Бог ставил квасец на христокопнежливост за да може човекот, а со него и за него и сета твар, да тежнее и да се стреми кон Христос. Оттука, сета твар во својата срж е христоцентрична и се приклонува кон Христос како кон свој природен и вечен центар, и своја цел. Како…
-
Поука од Преподобен Гаврил Ургебадзе
Објавено на:
Срамно е и грев е кога човек што нема вистинска љубов и вистинско покајание упорно тврди дека православните ќе се спасат, а другите ќе бидат осудени. Не можеме да кажуваме и да заклучуваме такви работи (дали некој ќе биде спасен или осуден), не само за здрав човек, туку и за оној што е болен и…