Поуки

  • Поука од Свети Тихон Задонски

    Гледаме како водата на реката непрекинато тече и поминува, и сè што плови по нејзината површина, ѓубре или зраци, или дрвја, како сè поминува. Христијану! Така поминува и нашиот живот… Бев дете, и тоа време помина. Бев адолесцент, и тоа време, исто така, помина. Бев младич, и тоа е далеку зад мене. Силниот и зрел…


  • Поука од Свети Андреј Критски

    Нека се радува сега сета твар, нека слави природата: ,,Росете, небеса, одозгора, и облавите нека изливаат правда” (Иса. 45, 8), ,,и горите ќе пуштат гроздов сок” (Амос 9, 13); ,,воскликнете од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ” (Иса. 49, 13); и нека подигне ,,рог за нашет оспасение, во домот на Давид, Својот слуга”…


  • Поука од Преподобен Алексеј Мечев

    Бидете светлина и топлина за другите; трудете се прво да го загреете земејството, трудете се во тоа, за да завладее тој труд со вашиот круг на семејство, и таа топлина со текот на времето ќе зафати нови и нови луѓе, а кругот, осветлен од вас, постепено ќе расте и ќе расте; трудете се така да…


  • Поука од Свети Анатолиј Оптински

    Како може некој да му се потсмева на еден свештеник? Па што ако служи лошо? Тој сè уште има благодат. Тој е ракоположен. Човек не смее, не смее да се потсмева!


  • Поука од Свети Силуан Атонски

    Душата што го познала Бог повеќе ништо не посакува во целост, ниту се приврзува кон нешто земно; дури и кога пред неа би ставиле царство, таа нема да го посака, зашто љубовта Божја ѝ дава таква сладост и радост на душата што дури ни животот на еден цар не би можел да ѝ понуди каква…


  • Поука од Свети Антониј Велики

    Нашиот живот и нашата смрт се со нашиот ближен. Ако го придобиеме нашиот брат, сме Го придобиле Бог, но ако сме го нажалиле нашиот брат, сме згрешиле против Бог.


  • Поука од Митрополит Антониј Блум

    Сè додека не ја видиме убавината што е во оваа личност, ништо не може да придонесеме за неа. Не му помагаме на човек со тоа што правиме разлика меѓу она што е погрешно, што е грдо, што е изобличено. Христос гледал на секого што ќе го сретнел, на блудницата, на разбоникот, и ја видел убавината…


  • Поука од Свети Марко Монахот

    Сè додека човек потполно не му се предаде на крстот, во дух на смирение и самопонижување, сè додека не се понизи да биде изгазен и презрен од сите, примајќи неправда и исмевање, сè додека не ги помине сите овие работи со радост заради Господ, без да бара каква било човечка награда – слава или чест…


  • Поука од Преподобен Викентиј Лерински

    Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера, како прво, должен е да ја огради својата вера со авторитетот на Светото Писмо, а како второ, со Преданието на Црквата. Но можеби некој ќе праша: канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме…


  • Поука од Свети Филотеј Синајски

    Преку помислите духовите на злобата водат тајна војна против нашата душа. Бидејќи душата е невидлива, овие злобни сили природно ја напаѓаат невидливо. И двете страни ги подготвуваат своите оружја, ги собираат своите сили, разработуваат стратегии, се судираат во стравотна битка, победуваат и биваат поразени. Но на оваа умна војна ѝ недостасува едно својство на видливата…