Книги
-
Покајанието – пат кон вечниот живот
Што е покајанието и зошто ни е потребно? Што е грев и кои се основните гревови кои човекот ги прави, многупати и без да е свесен за тоа? Зошто е неопходна исповедта и како да се подготвиме за неа. Одговорите на овие прашања се кријат во оваа книга на архимандритот Лазар Витиниски, кој не заборавил…
-
Светата Литургија – откровение на новата твар
Единството во православната Црква не се доживува како обичен административен поредок и човечко достигнување, туку како благодат и полнота на новиот живот, кој ги обновува луѓето, а центар на тоа единство е светата литургија. Оваа книга на архимандритот Василиј Гондикакис нè запознава токму со елементите на литургиското доживување на тајната на единството во православната Црква.…
-
За постот
Оваа книга го изложува православниот поглед на подвигот на постот, како преку беседите на светите отци, така и преку ставовите на современите богослови. Книгата претставува вистински сублимат на целокупниот православен опит поврзан со постот, кој не е целта, туку е значајно помагало во духовниот живот. Книгата е во превод на ѓаконот Димче Азески. Формат: мека…
-
Свети минути
Неделните и празничните проповеди на свештеноикономот Георгиј Стајков кои се поместени во оваа книга се вистинска храна за душите на православните верници, кои преку нив можат да научат нешто повеќе за црковните празници, како и за значењето на евангелските извадоци кои се читаат на неделните и празничните богослужби. Книгата секако претставува и добар прирачник за…
-
Крштение Господово
Ова издание на Московската Патријаршија е преведено од руски јазик од проф. д-р Јован Белчовски и претставува збир од текстови на светите отци, но и на современи богослови поврзани со светата тајна Крштение, но и со крштението Господово, како прототип на оваа света тајна. Формат: мека корица Број на страни: 88 Цена: 150 ден.
-
Света Тајна Крштение
Преку оваа книга современиот теолог проф. о. Александар Шмеман нè запознава со подготовката за светата тајна Крштение, како и за значењето на сите елементи од чинот на крштението и симболиката и суштината на сите пропратни елементи. Книгата е превод на ѓаконот проф. д-р Дејан Борисов. Формат: мека корица Цена:
-
Необјавен дневник
Во првиот дел од оваа книга се поместени сеќавањата на епископот Арсениј на големиот светител кој живеел пред едно столетие – свети Јован Кронштатски, а во вториот дел читателот има можност да погледне во дневникот на овој богопросветлен свештеник и да дознае нешто повеќе за неговиот внатрешен живот и неговите духовни размислувања. Книгата е превод…
-
Писмата на Валаамскиот старец
Овој зборник од писмата на еден старец од Варлаамскиот манастир во Русија му го нуди на читателот искуството на еден современ духовник, кој стапил во монаштво во својата шеснаесетта година. Писмата се упатени до различни богобаратели, монаси и лаици, пред кои опитниот старец ја излева својата татковска љубов и поука. Книгата е превод од руски…
-
Лекување на душата
Авторот на оваа книга, митрополитот на Навпактос, г. Јеротеј Влахос е познат по своите разработувања на терапевтскиот метод на православието. Во ова свое дело тој дава одговор на прашањата: Зошто православието е духовно-терапевтски метод? Што е болест на душата и како таа се лекува? Што е богопознанието, православното монаштво и православното предание? Книгата е превод…
-
Љубовта кон Бога и Божјата љубов
Во оваа книга се поместени текстови на повеќе црковни отци кои од својот духовен опит зборуваат за љубовта на човекот кон Бога, но и за неспоредливата со неа љубов на Бога кон човекот, зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде и Својот единороден Син, та секој што верува во Него да не загине,…







