Книги
-
1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски
Овој зборник е плод на меѓународниот научен симпозиум одржан во Охрид во октомври 2010 година по повод 1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски. Во зборникот по поздравните обраќања се поместени излагањата на осумнаесет реномирани научници од повеќе области, поврзани со различни сегменти од ликот, делото и култот на свети Наум Охридски. Формат: тврда…
-
Свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век
Оваа книга претставува каталог од досега познатите иконографски изобразувања на свети Наум Охридски на територијата на Дебарско-кичевската епархија од периодот на XVIII и XIX век. Формат: мека корица Цена:
-
Чудата на свети Наум Охридски
Оваа книга е плод на повеќегодишна работа на проф. д-р Стојан Ристески. Откако накратко нè запознава со ликот на Светителот и значењето на манастирот, проф. Ристески ги приложува многубројните чуда и преданија поврзани со ликот на свети Наум кои останале длабоко врежани во помнењето на благоверниот народ. Формат: мека корица Цена:
-
Проповеди за Богородица и за Богородичните празници
Оваа книга на познатиот современ богослов о. Александар Шмеман е составена од кратки но содржајни проповеди со објаснувања на значењето на Богородичните празници, како и за големината и значењето на личноста на Пресвета Богоридица. Книгата е во превод на Митрополитот г. Тимотеј. Формат: мека корица Цена:
-
Луѓе и демони
Дали постојат паднати духови? Кои се нивните карактеристики и како тие можат да дејствуваат на човекот? На кои начини го привлекуваат вниманието на човекот? Што треба да се направи за да се избегне нивното дејство? Овие проблематики се тема на книгата која е дело на свештеникот Родион Петроградски, а во превод на македонски ја имаме…
-
Детето во светот на телевизијата и компјутерите
Денешното време се карактеризира како технолошко. Постојано се намалува возрасната граница на средба на човекот со „виртуелниот свет“. Дали тоа треба да се случи пред човекот да стане свесен за реалниот свет, и какви се несаканите последици од тоа? Со Црковниот став за овие теми ќе нè запознае прот. Александар Дубљин, преку овој превод на…
-
Самоубиството – грев без простување
Дали човекот е господар насопствениот живот? Дали смее самиот да одлучува кога ќе го заврши животот? Што е самоубиството и како Црквата гледа на тоа? На овие прашања одговор ќе добиеме од повеќе истакнати богослови, кои укажуваат на демонското вдахновение на оваа постапка која го погубува не само телото, туку и душата на човекот. Книгата…
-
Животот и чудата на Пресвета Богородица
Сето она што црковното предание го сочувало за животот на Богомајката е поместено во првиот дел од оваа книга. Во вториот дел се презентираат чудата на Пресветата Владичица кои таа ги прави низ целата историја на Црквата, покажувајќи постојано дека таа е најсигурна посредница помеѓу Бога и луѓето и мост кој нè преведува од земјата…
-
Учење според Христа
Текстовите на прот. ст. Спасе Стефановски кои се поместени во оваа книга се објавувани во Австралиско Македонскиот Неделник кој излегува во Мелбурн, Австралија. Зборникот претставува своевиден катехизис и збир од корисни четива за секој верник. Покрај основните постулати на верата, авторот особено се задржува на значењето на поголените празници на православната Цкрва. Формат: мека корица…
-
Патот до вечниот живот
Оваа книга на почитуваниот прот. ст. Спасе Стефановски е вистинско четиво за почетници, кои од оваа палета на информации за основните вистини на православната вера можат да научат многу нешта за раѓањето на Црквата, мачеништвото, вселенските собори, светите тајни, празниците и житијата на најпочитуваните светители, како и за основните поими и конституции на Црквата. Формат:…




