Издаваштво
-
Дебарско-Кичевска епархија 1967–2017
Оваа книга е составена од два дела. Едниот е историски дел, којшто зборува за ранохристијанскиот период, почнувајќи од првите векови, преку средновековието, преродбата и најновата историја. Вториот дел ги обработува црквите и манастирите, во кој е даден целосен преглед на свештенослужителите кои дејствувале за времето на овој педесетгодишен временски период како и целосниот Шематизам на…
-
Страсти и добродетели
Петти том од светоотечките поуки на старец Пајсиј Светогорец за страстите и добродетелите, превод на свештеник Димче Азески. Оваа книга е издание од 2017 година. Формат: мека корица Број на страни: 232 Цена: 300 ден.
-
Семеен живот
Од печат излезе и четвртиот том од поуките на старец Пајсиј Светогорец, под наслов “Семеен живот”, превод на свештеник Димче Азески. Оваа книга е издание од 2017 година. Формат: мека корица Број на страни: 216 Цена: 300 ден.
-
Служебник
Мал, џебен формат на црковната книга Служебник. Оваа книга е издание од 2017 година. Формат: тврда корица Број на страни: 292 Цена: 350 ден.
-
Апостол
Книгата ги содржи Дела апостолски и Апостолските посланија, распоредени според утврдениот литургиски поредок на Православната Црква. Таа има централно место во евхаристискиот живот, бидејќи преку апостолските читања верниот народ се поучува во верата, учењето и живото сведоштво на првата христијанска заедница. Книгата е дело на протереј Митре Попоски. Формат: тврда корица Број на страни: 501…
-
Свети Наум (Житие, Служба и Акатист)
Книгата ги обединува житието, богослужбената служба и акатистот посветени на свети Наум Охридски, еден од темелните столбови на охридската и словенската духовна традиција. Текстовите го откриваат неговиот апостолски дух, пастирска ревност и длабокото духовно наследство, кое и денес живее во богослужбениот и молитвениот живот на Црквата. Преводот е дело на архимандритот Нектариј (Најдовски). Формат: тврда…
-
Охридски Источник V
Во рамките на петтиот том од едицијата „Охридски источник” поместени се беседите изговорени во текот на 2014 и 2015 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј по повод Јубилејот од 35 години митрополит на чело на Дебарско-кичевската епархија. Изданието е од 2016 година. Формат: тврда корица Број на страни: 350 Цена:…
-
Охридски Источник IV
Во рамките на четвртиот том од едицијата „Охридски источник” поместени се вкупно 85 беседи изговорени во текот на 2012-2013 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Изданието е од 2016 година. Формат: тврда корица Број на страни: 345 Цена: 300 ден.
-
Охридски Источник III
Во овој трет том од збирката „Охридски источник”, поместени се беседите и излагањата на митрополитот Тимотеј произнесени во текот на 2010 и 2011 година. Беседите се подредени според текот на празниците и чевствувањата во текот на една административна календарска година. На крајот од книгата поместена е и фотогалерија со слики од настани и случувања кои…
-
Охридски Источник II
Во овој втор том од збирката „Охридски источник”, поместени се беседите и излагањата на митрополитот Тимотеј произнесени во текот од 1982 до 2010 година. Беседите се подредени според периодите кои преовладуваат во текот на една Црковна Година, а дел од беседите се подредени според поводот по кој тие се произнесени. Првото поглавје на беседи во…









