Во овој втор том од збирката „Охридски источник”, поместени се беседите и излагањата на митрополитот Тимотеј произнесени во текот од 1982 до 2010 година. Беседите се подредени според периодите кои преовладуваат во текот на една Црковна Година, а дел од беседите се подредени според поводот по кој тие се произнесени. Првото поглавје на беседи во оваа книга се беседи кои се произнесени во Недели после Педесетница. Во второто поглавје следуваат беседите од Посниот Триод. Во третото поглавје се наоѓаат беседите од Цветниот Триод. Четвртото поглавје содржи беседи по повод на ракополагања, монашења, осветувања, јубилеи или промоции. За крај во петтото поглавје од овој том се наоѓаат дополнителни беседи за кои авторот немал извор и информација за времето или поводот кога тие беседи се изговорени.
Формат: тврда корица
Цена: 300 ден.






