Духовност

  • Поука од Свети Климент Римски

    И така, бидејќи му припаѓаме на Светиот Бог, да правиме сѐ што се однесува на светоста, избегнувајќи злословија, нечисти и порочни врски, пијанства, страсти кон новотарии во верата, ниски похоти, скверно прељубодејство и гнасна гордост. Бидејќи е речено: ,,Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат” (1 Петар 5, 5). И…


  • Поука од Ава Исидор Презвитер

    Ако се гордеете со постот, подобро е да јадете месо.


  • Поука од Преподобен Антониј Велики

    Умирај секој ден за да можеш да живееш вечно, зашто оној што има страв Божји ќе живее вечно.


  • Поука од Свети Јован Златоуст

    Која е ползата ако се воздржуваме од јадење на птици и риби ако ги касаме и јадеме нашите браќа?


  • Поука од Преподобен Сергеј Радонешки

    Ако сакате да Му служите на Бог, не ги подготвувајте своите срца за храна, или за пиење, или за одмор, или за удобност, туку за страдање, за да можете да ги издржите сите искушенија, маки и сета болка. Подгответе се за лишувања од пост, духовни битки и многу маки, ,,оти во Царството Божјо треба да…


  • Поука од Свети Григориј Палама

    Нека твојот пост биде како гулабица што носи маслиново гранче и ти јавува радосна вест за ослободување од потопот.


  • Поука од Свети Јован Златоуст

    Бог нѐ сака повеќе од татко, мајка, пријател, или кој било друг, па дури и повеќе отколку што самите можеме да се сакаме.


  • Поука од Свети Нил Подвижникот

    Значи, повеќе не бараме едноставност и простодушност во животот. Повеќе не ја вреднуваме тишината, која ни помага да се ослободиме од нечистотиите во минатото, туку претпочитаме цел вагон работи што бескорисно нѐ расејуваат од нашата вистинска цел. Борбата за материјални имоти нѐ направи да го заборавиме советот на Господ, Кој нѐ советуваше воопшто да не…


  • Поука од Преподобен Алексиј Сенакскиј

    Секој што Го љуби Бог во време на жалости и искушенија се покажува како трпелив и непоколеблив, и оној што упорно ги претрпува, станува духовно силен и послушен на Бог, а оној што застанал на патот на следење на волјата Божја, тој ја победил својата природна слабост. А, напротив, оној што не го сознава своето…


  • Поука од Преподобен Јован Пророк

    Смирението се состои во тоа во никој случај да не се сметаш себеси за нешто, во сѐ да ја отсекуваш својата волја, на сите да им се покоруваш, без вознемирување да го поднесуваш тоа што ќе ти дојде однадвор. Такво е вистинското смирение, во кое нема место за суета. Смирениот не треба да се труди…