Значи, она што Бог го создал ,,добро”, не може да биде сменето од страна на ѓаволот, луѓето или некој друг фактор. Кога Христос дошол, имал сила, како Господар на сѐ, да го смени дури и законот на созданието, ,,бидејќи заповеда и сѐ се создаде”. Тој е Творецот. Но, сепак, за да ја докаже Својата Божја величественост, навести дека треба да дојде до враќање таму каде што дојде до пад. Беше принуден да ја земе нашата природа, да ја покаже несебичноста што е незамислива за словесните битија и да нѐ убеди, во пракса, дека нашето обновување може да успее само на таков начин.
Поука од Старец Јосиф Ватопедски
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Известување по повод чествувањето на светите бесребреници Козма и Дамјан и 10-годишниот спомен од упокојувањето на игуманија Агнија
Почитувани верници, На 14 ноември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан. Оваа година, воедно, се навршуваат и десет години од упокојувањето на игуманија Агнија. По тој повод, во сабота, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево ќе биде отслужена света заупокоена архиерејска Литургија, на која ќе…
-
Осветување на камен-темелник на новата фабрика на „АСП-ПАК“
Денес, на 9 ноември 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на камен-темелникот на новата фабрика на компанијата „АСП-ПАК“ во Охрид. На свечениот настан присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, г. Александар Николоски, како и градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил…
-
Средба на Митрополитот Георгиј со градоначалникот на Општина Вевчани
На 02.11.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската митрополија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со градоначалникот на Општина Вевчани, г. Спасе Кочовски. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Дебарско-кичевската епархија и Општина Вевчани, како и за можностите за нејзино унапредување, особено во насока на зачувувањето и афирмацијата на духовното, културното и…
-
Дваесет и втора недела по Педесетница и 20-годишен јубилеј од епископската служба на Митрополитот Иларион
,,Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти.”1 На 01.11.2026 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот…
-
Преподобна Параскева Петка Епиватска
,,Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите.“1 На 27.10.2026 година, на споменот на преподобната Параскева Петка Епиватска, во храмот ,,Света…





