Духовност

  • Поука од Митрополит Антониј Блум

    Сè додека не ја видиме убавината што е во оваа личност, ништо не може да придонесеме за неа. Не му помагаме на човек со тоа што правиме разлика меѓу она што е погрешно, што е грдо, што е изобличено. Христос гледал на секого што ќе го сретнел, на блудницата, на разбоникот, и ја видел убавината…


  • Поука од Свети Марко Монахот

    Сè додека човек потполно не му се предаде на крстот, во дух на смирение и самопонижување, сè додека не се понизи да биде изгазен и презрен од сите, примајќи неправда и исмевање, сè додека не ги помине сите овие работи со радост заради Господ, без да бара каква било човечка награда – слава или чест…


  • Поука од Преподобен Викентиј Лерински

    Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера, како прво, должен е да ја огради својата вера со авторитетот на Светото Писмо, а како второ, со Преданието на Црквата. Но можеби некој ќе праша: канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме…


  • Поука од Свети Филотеј Синајски

    Преку помислите духовите на злобата водат тајна војна против нашата душа. Бидејќи душата е невидлива, овие злобни сили природно ја напаѓаат невидливо. И двете страни ги подготвуваат своите оружја, ги собираат своите сили, разработуваат стратегии, се судираат во стравотна битка, победуваат и биваат поразени. Но на оваа умна војна ѝ недостасува едно својство на видливата…


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Ниту ѕидовите, ниту раскошниот мебел не го прават домот дом. Богатите во величествените вили може никогаш да не знаат за дом. Но таму каде што се добрите односи, каде што љубовта го држи семејството заедно и кон Бог, таму секогаш ќе има среќа. Зашто добрите односи се насекаде небо.


  • Поука од Свети Теофан Затворник

    Кога човекот е предаден на страстите, тој не ги гледа во себе и не се одделува од нив, затоа што живее во нив и преку нив. Но кога на него ќе подејствува благодатта Божја, тој почнува да го разликува во себе страсното и гревовното, признава, се кае и решава да се воздржува од него. Почнува…


  • Поука од Пустинските Отци

    Го прашале еден старец: ,,Како може да Го пронајдам Бог?” Тој одговорил: ,,Во постот, трезвеноумието, трудот, посветеноста, а пред сè, во расудувањето. Ти велам, многумина ги повредија своите тела без расудување и си заминаа од нас без да постигнат ништо. Нашите усти мирисаат лошо од постењето, Светото Писмо го знаеме напамет, ги рецитираме сите Давидови…


  • Поука од Свети Кесариј Арлски

    Најлош вид грев е да не признаваш дека си грешен.


  • Поука од Свети Димитар Ростовски

    Биди така смирен како што си создаден смирено од Бог.


  • Поука од Старец Јован Рижиски

    Честата и правилно извршена молитва на почетокот е полна со расејаност, невнимание, сувост и студеност. Вниманието, топлината и пламенот се, пак, Божји дар, кој ѝ се дава на душата во свое време, доколку се труди во честата молитва. Треба да го насочиме вниманието и да се потрудиме да ја здобиеме количината, т.е. да се молиме…