-
Поука од Ава Григориј
Оиве три работи Бог ги бара од секој човек што примил крштевање: од душата правилна вера, од устата – вистина, од телото – непорочност.
-
Древен Патерик 5, 35
Некој монах го запрашал еден од старците: ,,Зошто мојата мисла постојано тежнее да направи блуд, не ми дава мир ни за момент, и мојата душа се вознемирува?” Старецот му одговорил: ,,Ако демоните ти предлагаат грешни мисли, не им се предавај; на демоните име е својствено постојано да соблазнуваат. И иако тие некогаш не престануваат да…
-
Поука од Свети Серафим Саровски
За чување на мирот во душата потребно е човек почесто да влегува во себе и да се прашува: ,,Каде сум јас?”
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Кога човекот ќе се погрижи да има смирено срце и спокојна, мирна мисла, сите замки на ѓаволот стануваат недејствителни, бидејќи каде што е мирот на помислите, таму пчива Самиот Господ Бог: ,,Во мирот е Неговото место” (Пс. 75, 3)
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Ништо не е подобро од мирот во Христос, во кој престанува секоја борба со поднебесните духови.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Обележје на една разумна душа е умот да се сврти кон себе и да дејствува во срцето. Тогаш благодатта Божја го осенува умот и тој го достигнува надсветовниот мир.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Дали е вомзожно да не се радуваш кога со сетилните очи го гледаш сонцето? Меѓутоа, колку е поголема радоста кога умот со внатрешното око Го гледа Сонцето на правдата – Христос. Тогаш човекот навистина се радува со ангелска радост.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Мирот во душата се стекнува со страдање. Патот на оние што сакаат да Му угодат на Бог минува низ многу тешкотии.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Должни сме своите мисли, желби и дејства да ги концентрираме на стекнување на мирот Божји.
-
Поука од Преподобен Гаврил Ургебадзе
Има една изрека кај светите Отци: ,,Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото: прво, дека е на небото; второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види, и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму”.