Поуки

  • Поука од Свети Јован Кронштатски

    Навредите не треба да нѐ вознемируваат, ниту да нѐ жалостат. Попрво, тие треба да нѐ поттикнат на молитвена ревност. Да се лутиш, значи да додаваш болест врз болест и слабост врз слабост, значи доброволно да страдаш од самољубие што не сака да ги види своите мрачни страни. Така се предаваме на пропаст. Да се падне…


  • Поука од Свети Василиј Велики

    Постот ја зајакнува молитвата. Станува нејзино крило на патот кон небото. Но не ограничувај ја добродетелта на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различните јадења, тој е одрекување од страстите и од гревовите: никому да не му нанесуваш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти ја сторил,…


  • Поука од Свети Лука Војно-Јасенецки

    Немојте да мислите дека е забрането своите деца да ги учите на световни науки. Никако. Нашите најголеми отци и учители на Црквата и самите во младоста се предавале на изучување на сите научни, философски мудрости. Свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст биле висоообразовани луѓе во нивното време. И нашите деца треба да…


  • Поука од Свети Никола Кавасила

    Има две нешта што го откриваат тој што љуби и го прават да торжествува: прво, добро да му чини со се што може на љубениот, и второ, да прифати, да претрпи стравотии и да поднесува страдања, ако треба, за Него. При тоа, второво е многу поголем доказ за љубовта, отколку првото.


  • Поука 2

    Душата која го љуби Бога, во Бога и само во Него има спокој… На сите патишта, на кои одат луѓето по светот, не наоѓаат мир, сè додека не се доближат до надежта во Бога.


  • Поука 1

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку, ако во Божјиот закон се подучуваш – ќе успееш и во едното и во другото.