Немојте да мислите дека е забрането своите деца да ги учите на световни науки. Никако. Нашите најголеми отци и учители на Црквата и самите во младоста се предавале на изучување на сите научни, философски мудрости. Свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст биле висоообразовани луѓе во нивното време. И нашите деца треба да бидат образовани, учени. Но, единствено што е важно е нивното учење и воспитување да не се ограничи само на световната мудрост, на мудроста од овој свет. Многу е важно паралелно со тоа да ја запознаат највисоката правда и вистина за да се научат на законот Божји и заповедите Христови, да се научат на постојано благочестие, за кога ќе ги изучуваат науките, секогаш да се сеќаваат на Бог, на заповедите Божји, на патот Христов. Тогаш, и само тогаш нема дазалутаат по патот на човечка мудрост, само тогаш над сѐ ќе ја постават мудроста христијанска, познавањето на Бог.
Поука од Свети Лука Војно-Јасенецки
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му…
-
За првпат отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски во базиликата „Свети Петар“ во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител. Молитвениот чин го отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски. На молитвеното чествување присуствуваа г-ѓа Сања Митровска, вршител на…
-
Спомен на светиот апостол Тома и годишно свештеничко собрание
Почитувани верници, На 19 октомври, Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот апостол Тома. По тој повод, на 18.10.2026 година, во пресрет на празникот, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во с. Кнежино, Кичево, беше отслужена празнична Вечерна богослужба. Торжеството продолжи наредниот ден, на 19.10.2026 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше…
-
Дваесетта недела по Педесетница
,,Си воскреснал денес од гробот, Штедар, и нас си нѐ извел од смртните врати. Денес Адам ликува и се радува Ева, а пророците, заедно со патријаршите, непрестајно ја воспеваат моќта на власта Твоја.”1 На 18.10.2026 година, во Дваесеттата недела по Педесетница, на споменот на св.мч. Харитина и св. Дионисиј Александриски, во манастирот ,,Свети Наум Охридски”…
-
Литургиско собрание по повод празникот Покров на Пресвета Богородица
Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци.“1 На 14.10.2026 година, на денот кога го празнуваме Покровот на Пресвета Богородица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г.…





