Душата која го љуби Бога, во Бога и само во Него има спокој… На сите патишта, на кои одат луѓето по светот, не наоѓаат мир, сè додека не се доближат до надежта во Бога.
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Известување по повод празнувањето на Охридскиот закрилник – Свети Наум Охридски
Почитувани верници, Дебарско-кичевската епархија со голема радост ве поканува на празнувањето на споменот на Охридскиот закрилник и Мизискиот чудотворец, свети Наум Охридски, кој е наш постојан молитвеник и кој повеќе од 1100 години непрестајно се застапува за нас пред Божјиот престол. По тој значаен повод, на 02.07.2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во…
-
Евхаристиско собрание во чест на светите апостоли Вартоломеј и Варнава
,,Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.”1 На 24.06.2026 година, на споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Покрај многубројниот верен народ, на светата Литургија…
-
Соопштение по повод чествувањето на споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава
Почитувани верници, На 24.06.2026 година (среда), кога Светата Црква го празнува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, со почеток во 8:45 часот. На многу години! Споделете
-
Осветување на нови камбани во храмот ,,Света Богородица Перивлепта” во Охрид
На 18.06.2026 година, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на три нови камбани, дарувани за потребите на храмот и за духовна полза на верниот народ. Нека нивниот милозвучен звук, излеан како повик за молитва и духовно будење, постојано го собира и укрепува верниот народ, сведочејќи за…
-
Свети Свештеномаченик Еразмо Охридски
„Откако се покажа како љубител на Господа, и крстот го зеде на рамо, си Го следел Него и животот си го завршил; Евангелието си го објавил јасно и вистински, во Охрид си ги просветлил сите народи; затоа, удостоен со божествени венци, си примил смелост, преславен ерарху! Поради тоа те повикуваме: Моли се на Христа Бога,…





