Поука од Свети Ефрем Филотејски и Аризонски

Човековото срце е центар на натприродно, природно и противприродно движење. Сѐ почнува од срцето. Ако човековото срце е очистено, човекот Го гледа Бог. Меѓутоа, на кој начин можеме да Го видиме Бог? Може ли Бог да има човечки облик? Не, се разбира дека не! Бог е невидлив, Бог е Дух. Меѓутоа, Он може да загосподари во срцето на човекот кога тоа ќе стане сад способен да Го прими Бог. За срцето на човекот да стане сад способен да Го прими Бог, најнапред мора да биде очистено од нечистите помисли. Но, за да се очисти срцето, во него мора да се внесе одреден лек. Тој лек е молитвата.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК