Празникот посветен на упокојувањето на преподобен Наум, охридскиот чудотворец, свечено, со празнични богослужби се одбележа во неговиот манастир. Празнувањето започна со служење на празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски, г. Агатангел во сослужение на игуменот на Светинаумовата обител, архимандрит Нектариј.
Sports Shoes | Nike Releases, Launch Links & RafflesУтредента, на 05.01 празнувањето продолжи со служење на празнична утринска богослужба, а по неа и света Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел, архимандрит Нектариј како и повеќемина свештенослужители.
И покрај лошите временски услови, забележливо беше присуството на многуброен благочестив народ, кој со вера и молитва дојдоа да се поклонат на гробот на овој голем чудотворец.