На 07 март 2009 година, Тодорова сабота, во црквата „ Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, Владиката г. Тимотеј, во сослужение на протојереј Сашо Богданоски, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски, Владо Недески и Васко Голабоски, отслужи света божествена Литургија. Верниот народ, подготвен со пост и молитва пристапи кон Светиот Путир, примајќи го телото и крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Поттикнат од љубовта и грижата за спасение на своето словесно стадо, Владиката произнесе боговдахновено слово кое интегрално Ви го пренесуваме:

short url link | Yeezy Boost 350 Trainers

Митрополит Тимотеј

Драги браќа и сестри,

Светата православна црква има повеќе свети тајни. Но една е најголема од сите свети тајни, а таа е Светата тајна причест. Неа ја има востановено самиот Господ Исус Христос онаа вечер кога со Своите ученици бил на последната вечера и заради нејзиното востановување и се нарекува Тајна вечера. Отакако Господ го објавил предавникот Јуда Искариотски и откако овој ја напуштил Тајната вечера за да го предаде својот Учител... Христос зел леб, го благословил, го прекршил им дал на своите ученици велејќи им: "Земете јадете ова е моето тело кое се прекршува за вас", а потоа земајќи ја чашата и откако му заблагодари на Бога велејќи: „Пијте од неа сите ова е мојата крв на новиот завет, која се пролева за вас и за мнозина за опростување на гревовите, ова правете го во мој спомен“ (Мт. 26, 26-28; I Кор. 11, 24-26).

Ние денеска непосредно ја исполнуваме волјата на нашиот Спасител како Негово заветување. Но нас да не не снајдат оние тешки зборови на ап. Павле: „Кој недостојно го јаде овој леб и недостојно ја пие оваа чаша Господова, крив ке биде за телото и крвта Господова“ (I Кор. 11, 22). Ние за оваа најсвета тајна се подготвуваме со пост, молитва и опростување. Затоа оваа недела често пати во нашиот народ се нарекува чиста седмица, затоа што во неа православните христијани се подготвуваат за примање на света тајна причест.

Да се запрашаме што значи чисто подготвување за света тајна причест? Тоа значи: воздржување не само од мрсна и преобилна исхрана и жестоки пијалаци, туку и нејадење и на масло, ни риба, ни растителни преработени маргарини, па дури и плодови од кои се прави масло. Покрај воздржување со постот во оваа недела и светата црква ја удвојува молитвата преку подолги богослуженија. Во неа се служат полуноќница, утрена, часови 1, 3, 6, 9, изобразителна, вечерна, литургија и големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски. Но црквата од своите духовни чеда во оваа седмица бара да обрнат внимание не само на телесниот пост, туку во постот кој се состои во проверка на себеси.

Свети ап. Павле вели: "Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово“ (I Кор. 11, 28-29). Да се проверува себе значи да ја провери својата душа, односно: да ги провери своите мисли - дали сме останеле цврсти во верата дека навистина нашиот Спасител е Син на живиот и вечен Бог, Кој од чиста љубов кон нас како круна на Божјото создание дошол заради нашето спасение - или не сме!

Да го слушнеме своето срце - да сознаеме дали е тоа исполнето со новата заповед која Господ ни ја дал да се љубиме еден друг како што и Он нè љуби нас, и дали е "радоста негова исполнета во нас или не е"; да ја провериме и својата волја - да созанеме дали сме ја украсиле нашата душа со бисери на христијански добродетели: со вера, надеж и љубов кои се манифестираат во добрите дела, во милостите телесни и добрите дела во милостите душевни, дали за ближните се молиме на Бога и дали нашите гревови знајни и незнајни, направени со зборови, дела и помисли, во светата тајна исповед пред свештеникот сме ги признале, исповедале и искрено за нив се покајале.

Ако сме ја провериле својата душа и сме нашле во неа дека светли пламенот на христијанската љубов и кон Бога и кон ближните, а не адската омраза - "зависта, злобата, адското наследство што човекот го поставува подолу од животните", - а покрај тоа ако чесно сме постеле, сме се молеле и сме опростувале тогаш слободно и радосно да пристапиеме покрај оваа чаша па од неа да го вкусиме најслаткиот Леб на живот, кој е и самиот Спасител Наш Исус Христос и да се соединиме со Него.

Таква душа украсена со сите овие христијански добродетели ја носел во себе и светиот великомаченик Теодор - Тирон според кој и оваа сабота се нарекува Тодорова сабота. Тој во 306 година на 17 фебруари во градот Амасиј, бил мачен со најразлични измачувања, а најпосле бил спален - изгорел како жив факел, сè заради тоа што не сакал да се откаже од Христа својот Бог.

Затоа и нашата денешна молитва е упатена кон Бога, нашите души да бидат украсени со христијанските добродетели а најповеќе со чиста, цврста, бестрашна и постојана вера, за да го славиме и исповедаме Неговото свето име на Отецот, Синот и Светиот Дух, сега секогаш и во сите векови. Амин.

07.03.2009 година, Тодорова сабота,
црква Св. Богородица - Каменско

DSC 4794

DSC 4794

DSC 4794

DSC 4794

DSC 4794

DSC 4794

DSC 4794

DSC 4794

DSC 4794

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3