На 22 март 2009 година, (Крстопоклона недела), Митрополитот Дебарско-кичевски и плаошко-струшки г. Тимотеј, во сослужение на повеќемина свештенослужители од охридското и струшкото архиерејско намесништво, во црквата св. Георгиј во Струга отслужи света божествена Литургија. Кон многубројниот верен народ, Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме:

Best Sneakers | balerínky

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, како што знаеме од светото Евангелие, имал обичај на собраниот народ и на Своите апостоли да им дава разни поуки во Неговите проповеди. Така во една прилика им рекол: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди ио Мене“ (Марко 8, 34).

Додека нашите прародители Адам и Ева биле во покорност и послушност на Божјите заповеди и кон својот Создател, додека и ја одржувале заедницата со Бога, тие не знаеле за тага и болка ниту, пак, за болест и смрт. Престапувајќи го тој закон и наредбата Божја се прекратила таа врска помеѓу нив и Бога. Се пореметуваат односите помеѓу Бога и луѓето. Човекот по своја вина се осудил себеси на маки, на болести и смрт, и тоа ги прати сите негови наследници до сега и ќе ги прати се до крајот на светот и векот.

После првиот грев човекот се повеќе грешел, а гревот се повеќе го одалечувал од Божјата милост. Немал сила да се спаси и од грев да се ослободи. Бог, Кој по Својата милост и добрина го создал човекот, по прекинувањето на таа заедница а се разбира по вина на човекот, не го заборавил ниту го оставил без надеж, туку му ветува дека ќе му го испрати Избавителот и Спасителот да го избави од гревот и од сите останати зла. И еве, се појавува Синот Божји, безгрешен во човечко тело, со намера и со план да им го донесе на луѓето потребното избавување и спасение. Тој доаѓа да ја воспостави прекинатата заедница со Бога. Тој ги зема гревовите на луѓето врз Себе, доброволно страда на крстот, и затоа можеме да речеме: крстот Христов е орудие на нашето избавување и спасение од гревот, смртта и сатаната.

Свети Јиван Златоуст, големиот учител на Православната црква, за крстот вели: „Ѓаволот преку дрвошо го победил Адама, а новиот Адам Христос со дрвото го победил ѓаволот. Дрвото ги одвело првите луѓе во адот, а преку дрвото Христос ги воведува лугето од адот во Царството Божјо“.

Од ова се заклучува дека без крстот, на кој нашиот Спасител страдал, не би било можно ниту нашето покајание, ниту, пак, нашето очистување од гревот, ниту помилувањето ниту, пак, нашето измируање со Бога и повторното воспоставување на прекинатата заедница со Бога. Затоа крстот за сите христијани постанува знак со посебно почитување. Со крстот започнува нашиот живот на земјата, но со него и завршува. На секој христијанин, за време на крштевањето се поставува знакот на крстот, и тој знак го прати секој кој е крстен преку целиот живот, и по телесната смрт, стои на гробот над неговата глава, како знак дека бил член на Христовата заедница.

Дали можеме да замислиме војник за време на војна да не носи оружје? Во колку, пак, не носи оружје, дали нема лесно неговиот непријател да го зароби? Нешто слично се случува и со нас, христијаните, кои сме крстени. Ако не го носиме својот крст и ако не одиме по Христа, тогаш ќе бидеме лесен плен за нашиот најголем непријател, а тоа е сатаната. Крстот Христов е непобедиво оружје. Затоа Црквата во една своја песна вели:„Господи, си ни го дал крстот свој како оружје против ѓаволот кој се тресе пред Твојот крст, бидејќи не може ди ји гледа неговата сила.“ Крстот го заштитува и оградаува секој човек од сите маки и страдања. Затоа и нашиот Спасител ќе се одрече од секој еден кој не го носи својот крст и не оди по Него, и кој не може да биде Негов бидејќи: „кој не го земе својот крст и не оди по мене не е достоен за мене“ има речено Христос.

Со овие зборови Господ ги повикува сите луѓе по својата слободна волја, доброволно, а не принудно, да појдат по Него. Но, не е лесно да се оди по Христа. Потребно е да се одречеш од себе, од своите лоши мисли и недолични желби, од лошите навики и ниските и штетни душепогибелни страсти. И така, покрај овие одрекувања, треба да се биде подготвен и за многу други одрекувања, па дури и до жртвување и страдање заради Бога и својот брат поради верата, вистината и Божјата правда. Свети апостол Павле ни сведочи дека сите кои сакаат да живеат побожно, ќе бидат гонети, но кој претрпи до крај ќе биде спасен.

Поклонувајќи се денеска на чесниот крст Христов, со молитвена набожност да го целуваме, да го понесеме и ние нашиот животен крст со силна вера, непоколеблива надеж, и топла љубов. Да ги поднесуваме сите наши животни искушенија, маки и страдања заради стекнување на вечен живот во царството Божјо. Амин!

22.03.2009 година, Крстопоклона недела,
црква „Свети Ѓорѓи“ - Струга

krstopoklona1

krstopoklona1

krstopoklona1

krstopoklona1

krstopoklona1

krstopoklona1

krstopoklona1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3