Во Петтата недела од Великиот пост, недела посветена на преподобна Марија Египетска, во манастирот свети Климент и свети Пантелејмон во Охрид се отслужи света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј, а во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел како и повеќемина свештенослужители од Дебарско-кичевската и Повардарската епархија. Пред започнивањето на божествената Литургија се изврши осветување на оков (покривка) на светиот Претстол кој е изработен во Русија. Кон верниот народ, Митрополитот Агатангел се обрати со поучно слово.
latest Nike release | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf