Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!
Благовештение, празникот посветен на објавувањето на благата вест за Христовото раѓање, во Охрид свечено беше прославен со света архиерејска Литургија во катедралната црква „Света Софија“. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан во сослужение на Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Брегалнички г. Иларион, архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“ како и повеќемина свештенослужители.
Кон многубројниот верен народ, кој беше дошол соборно да го прослави објавувањето на благата вест заедно со своите пастироначалници, Архиепископот г.г. Стефан се обрати со свечено слово кое може да го преземете овде: БЛАГОВЕШТЕНИЕ – ПРАЗНИК НА ВЕЧНАТА РАДОСТ