Празникот посветен на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, свечено со божествена архиерејска Литургија се прослави во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум“ во Охрид, Кичевскиот архиерејски намесник протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, свештеник Ристо Камбуроски, свештеник Игор Никовски, јеромонах Јосиф и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Кон верниот народ Владиката се обрати со свечено слово кое може да го преземете овде: ЦВЕТНИЦИ,
МАНАСТИР ПРЕЧИСТА - КИЧЕВСКА
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
- Детали