Христос Воскресна!!!
Велигден на Плаошник
affiliate link trace | Altra Timp 3 Review , Best Trail Running Shoes 2021
Второ воскресение со читање на Евангелие на повеќе јазици во Света Софија во Охрид
Митрополит Тимотеј
Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!
Христос Воскресе!
Драги верници, со милоста Божја ние денеска повторно дојдовме во овој свет храм на древната Охридска архиепископија, во Охрид за да го прославиме радосниот празник, кога Светата Црква радосно ја возгласува победната песна за Воскреснатииот Господ, Кој со смртта смртта ја победи и ни подари живот вечен.
Според зборовите на св. Јован Златоуст, дојдовме во светиот храм - и тие кои достојно постеле, и тие кои кои не се подготвувале за овој празник, и тие кои за време на Великиот пост чуствувале грижа на совест, и тие што го чуствувале своето недостоинство, својата гревовност, и проселе од Бога благослов и исцеление од своите слабости. Дојдете и вие кои не ја посетувавте Светата Црква и во овие спасоносни денови на Великиот пост - бидејќи дојдени сме сите да го прославиме воскрснатиот Господ. "Дојдете и наследетеја таа радост за воскреснатиот Господ", ни вели св. Јован Златоуст, бидејќи Христос воскресна и за тие што се молеле и постеле, како и за тие што не го запазиле сето тоа, но е дојден да ги соедини со радост со Светата Црква, која не гледа на тоа какви се членовите, достојни или недостојни, праведни или грешници, но светата Црква како богочовечки организам ги обединува сите, бидејќи таа е болница, каде луѓето примаат исцеление на болестите на своите души.
Многу може да се зборува за смислата на овој празник, но неговата смисла е искажана во единствениот збор - Воскресение, бидејќи воскресна Христос" го победи адот и смртта". Тој ја победи смртта, бидејќи создавајќи го човекот Бог не ја создал смртта: човекот како создание Божјо бил одреден за вечен живот и за општење со Бога, но поради гревот свој тој ја вовел смртта во светот.
Со Воскресение Господ ја победил силата на адот и силата на смртта, и самиот Тој ги отворил вратите на луѓето кон вечниот живот, кон вечното спасение и општење со Бога. Затоа во овој празничен ден кога ние го прославуваме достојно или недостојно со химни воскреснатиот Господ, да допуштиме на нашето срце и душа да се исполнат со радост, бидејќи нашата вера е во воскреснатиот Господ - токму тоа е единствено што ни дава повод да се радуваме заедно со небесната Црква и со земната Црква.
Во овој празничен ден ние сме должни да помниме и за својата одговорост пред сето тоа, што се случувало во овој период на Великиот пост, и најпосле тоа што се случува во оваа последна Страсна седмица. Ние што одевме во Црква секојдневно се сеќаваме како Црквата секој ден ги преживува сите моменти на мачењата и страдања на Господа Исуса Христа. Светата Црква ги спомнува сите овие настани како би ни влеала во нашето сознание свест дека и ние сме на некој начин соучесници во ова страшно злодело, што човештвото го извршило над својот Создател.
Ние сме многу оддалечени од тие настани што се случиле многу векови пред нас, но ако ние сме потопени во грешен живот како ние се трудиме секој момент да се одалечиме од Бога, како ние се трудиме да направиме нов живот, како ние се обидуваме да ставиме на себе одговорност за судбината на светот а во исто време ја покажуваме еден на друг нашата немоќ, безизлезност, кога зборуваме што произлегува околу нас како ние живееме?
Но дојден е празникот на Светата Пасха. Да допуштиме тој да го отсече сè што било до сега во нашиот живот. Да дозволиме Светлото Христово Воскресение да воскресне во нашите срца, за да одговориме пред Бога и Создателот, еден пред друг, затоа што Царството Небесно како што вели светото Писмо " внатре е во вас ".
На овој Празник над Празниците ве поздравувам сите драги верници и ви посакувам воскреснатиот Господ да испрати врз сите радост, мир и Свој небесен благослов. Благодата Божја и благословот на Воскреснатиот Господ да биде со сите нас.
Христос Воскресе! Амин.
Втор ден Велигден во црквата на светите апостоли Петар и Павел во Кичево
Посета на манастирот света Богородица-Пречиста во Кичево