Празникот посветен на преподобниот Наум Охридски Чудотворец, во Дебарско-кичевска епархија торжествено со празнични богослужби беше прославен во неговиот манастир кој се наоѓа на јужниот брег на Охридското Езеро. Вечерта, на 02.07.2009 г., со почеток во 19 часот започна празничната Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит повардарски г. Агатангел во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, архимандрит Партениј, игумен на манастирот „Свети Јован- Бигорски“, како и повеќемина други свештенослужители од епархијата.

best Running shoes brand | Nike Shoes

 

По завршувањето на богослужбата Митрополит Агатангел со боговдахновено слово се обрати кон верниот народ. Како и претходните години, така и оваа година илјадници верници дојдоа да се поклонат и помолат на гробот на великиот Чудотворец. Утредента, со почеток во 7:30 часот свештенослужителите ја започнаа празничната Утрена богослужба, а во 9 часот започна божествената архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел, архимандрит Нектариј, архимандрит Партениј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереј Тоди Јован (Албанска Православна Црква), свештеник Зоран Данев, јеромонах Доситеј како и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Верниот народ кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Крвта и Телото на нашиот Спасител Господ Исус Христос. По завршувањето на божествена Литургија, Архиереите заедно со свештенослужителите излегоа во дворот на манастирот каде што извршија мал Водосвет, ги благословија и прекршија празничните лебови и го осветија мозаикот на светиот Наум. Кон верниот народ Митрополит Тимотеј се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас (1 Тим. 1, 15).

 

Драги браќа и сестри,

Еден многу мудар човек честопати им зборувал на луѓето: „Има многу начини човек да падне, но има само еден да стане“. Секое зло и секој грев кои човек ќе ги направи во својот живот претставуваат паѓање во кал и честопати во голема и погубна јама. Има многу гревови, толку многу колку што има и грешници во овој свет. Светиот апостол и евангелист Јован е во право кога вели: Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас (1 Јн. 1, 8). Но најголем грев е човекот да ја изгуби совеста дека погрешил, или пак да мисли дека не е одговорен ниту пред Бога ниту пред луѓето за своите дела, односно недела.

Многу е важно човек да сфати дека погрешил. Но само тоа не е доволно. Мора, покрај тоа, да ја доживее и Божјата благодат која го води со вера во Неговата љубов и милосрдие, опростување, мир и нов живот. Поинаку речено, без оваа вера гревот го води човекот во очај.
Еден млад свештеник честопати им зборувал на луѓето во црквата за гревовите. Но недоволно ја нагласувал Божјата благодат и љубовта кон луѓето ниту, пак, Божјото опростување. Тој повеќе зборувал за ѓаволот, кој ги наведува луѓето на грев во овој свет. Но така, во една прилика, му пристапил еден стар и побожен човек и му рекол: „Оче, зборувавте долго но погрешивте, бидејќи го прикажавте ѓаволот како посилен од Бога во овој свет, наведувајќи ги луѓето кон злото. Не заборавај што запишал свети Јован Богослов: Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас (Бог),е поголем од оној што е во светот (ѓаволот) (1 Јн. 4,4)“.

„Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас“, вели св. ап. Павле во Првото послание до Тимотеј. Тоа значи дека во светот постои нешто што е многу поголемо и посилно од сите човечки гревови. Христос е дојден во светот да ги спаси грешниците. Првите Негови зборови упатени кон луѓето биле „покајте се“ (Мк. 1, 15). Тоа значи почнете да ги согледувате своите гревови, почнете да ја мерите тежината на тоа време, изменете се, преобразете се! „Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание. Здравите немаат потреба од лекар, туку болните“ - вели нашиот Спасител, Исус Христос (Мт. 9, 13-12). Го прашале еден лекар како може да трпи и мирно да ги гледа маките, болките и страдањата на тешко болните што ги лекува. А тој одговорил: „Јас секогаш ја набљудувам болеста гледајќи како да ги излечам“. И Христос Спасителот ги гледа гревовите на луѓето како тешки болести. И грешниците ги набљудува со љубов, жалејќи за нивните страдања. Има речено дека човекот повеќе се радува на една изгубена овца што ќе се најде отколку на деведесет и деветте што не се изгубени. Така Бог се радува на еден грешник што ќе се врати со покајание при Него. Еден свештеник говорел за илјада гревови кои луѓето ги прават. И за илјада патишта по кои луѓето залутуваат во планината на животот, правејќи многу престапи. Меѓутоа само еден е патот по кој мора да се појде враќајќи се од многуте патишта што нè навеле на зло и нè однеле во грев. Тој единствен пат е патот на Исус Христос. Тоа е патот по кој човекот мора да се врати кон Бога, Кого го оставил. Тоа е патот на љубовта кон Бога и кон ближните, кои биле изгубени. Тоа е патот на верата во победата на доброто кон злото што го правел. Тоа е патот на надежта и милосрдието кое е заборавено. Ние знаеме од една молитва на свети Ефрем Сирин како треба да се молиме за да ги видиме своите гревови. „Господи дај ми дар да ги видам своите гревови и да не го осудувам својот брат“. И да завршиме со оваа молитва: Верувам, Господи, и исповедам дека Ти си син на живиот Бог, Кој си дошол во светот да ги спасиш грешниците од кои првиот сум јас“. За сите луѓе, па и за мене, Ти си дошол на светот и си бил распнат на крстот. За сите нас си воскреснал од мртвите за да добиеме прошка за нашите гревови и живот вечен.

И денеска прославувајќи го нашиот голем подвижник и молитвеник свети Наум, охридскиот чудотворец, наоѓајќи се покрај неговиот свет гроб со искрена молитва да се обратиме кон него за да ни даде мудрост да ги согледаме нашите престапи и гревови, да се вратиме од погрешните патишта, да го засакаме патот Христов, и да одиме по него пребродувајќи ги и набљудувајќи ги сите искушенија и бури во ова животно море. По молитвите на свети Наум да стасаме во тивкото пристаниште преку исполнувањето на сите закони и прописи на нашата света Црква и да добиеме вечен живот заедно со останатите Божји угодници. По молитвите на свети Наум така нека биде. Амин!

03. 07. 2009 година
манастир „Свети Наум Охридски“

1n

1n

1n

1n

1n

1n

1n

1n

1n

1n

1n

1n

13n

1n

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3