На 14 јули 2009 година, денот кога Црквата го слави споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во истоимената црква во село Пештани, Охридско, се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

 

affiliate link trace | FILA FX-100 White Blue , Where To Buy , undefined , nike lebron 9 ps white house black screen



Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

 

“Јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Мт.11.30)

Овие зборови на нашиот Спасител Господ Исус Христос честопати се слушаат во нашите свети цркви и манастири. Кога ги слушаме овие зборови “јарем или бреме”, тие нè потсетуваат на некој момент од нашиот живот кога ни било тешко и кога нашите телесни сили биле исцрпувани.Ние исто така знаеме за јаремот на ропството, тоа е кога едни луѓе се покорени од други и се исползуваат за тешки работи и без слободна волја и лични желби. Тој јарем е – тежок. Има бремиња на животни искушенија. Има временски периоди кога се поминува после некои животни катастрофи како што се војни, временски непогоди, земјотреси, поплави и слично. Тоа се неспорно тешки бремиња што луѓето мораат да ги поднесат со најразлични страдања со гладување, сиромаштии и други непогодности. Тоа е бреме – тешко. Не е бремето лесно ни кога треба да работиме тешки физички работи на големи горештини или пак на големи студови.

Но постои јарем, кој Господ го нарекува благ, и бремето лесно! Спасителот преку Неговото слово често ни вели и нè потсетува на ова во Неговите свети храмови. Тој – јарем се заповедите Христови. Тоа – бреме, е исполнување на Неговата волја на секој еден од нас за време на нашиот земен живот. Христос не повикува: “Земете го Мојот јарем на себе…” (Мт.11.29).

Тој јарем е благ, затоа што со неговото носење ние се приближуваме со нашата душа кон светите угодници Божји, постануваме блиски со нив со нашата Небесна Мајка, па и со самиот наш Спасител. Не многу одамна се сметаше дека несреќа е ако некој богат земе за сопруга од сиромашен род или обратно богата девојка да се омажи за сиромав. Се доживувало како катастрофа, а во најголеми сличаи не се дозволувало и со тоа се нанесувал срам на семејствата кои имале углед и репутација во народот. Но сето тоа е овоземно и суетно. Но, вистинско богатство е да се постане роднина со тие што се духовно богати, богати со светителство, богати со нивната вечна слава и секој од нас да ги исполнува заповедите Христови, да се украсува со добродетели, и да се стреми кон спасение на својата душа, и се потесно да се поврзува со својата душа со Својот Небесен Отец и со сета Небесна Црква, насладувајќи се во блажен и вечен живот.

Јаремот, под кој нè повикува Господ, - благ е јарем, бидејќи ни донесува вечна среќа. Никакви богатства, и земни блага, ниту слава, ниту почит, ниту разум, ниту телесна убавина, ниту богати дарби – таленти – ништо споредено со среќата што ја добива човековата душа бесмртна во вечен живот, со нејзината радост што Господ Го ветува на секој верник, кој ги исполнува Неговите заповеди за време на овоземниот живот, на оној кој живее со таа вера и со неа умира.

Јаремот на своите заповеди Спасителот ги нарекува благи, затоа што тие даваат мир и спокој на многу метежната човекова душа. “Земете го Мојот јарем врз себе и поучете се од Мене… и ќе најдете мир за душите ваши” ( Мт.11.29). Ние кога се искачуваме на висока планина или на некое високо здание, нам луѓето ни изгледаат многу малечки како и животните. Така и пламениот дух на човек се стреми кон Бога, така духот на верникот го изгигнува човекот над ситниците животни, врз неизбежните искушенија во живот, жалостите и страдањата; јаремот на заповедите Божји му даваат на тој дух заедно со преживување на краткотраен земен живот, ја пробува сета сладост од животот со Бога на земјава, ја претчуствува вечната среќа од страната на вечен живот. Таквиот човек се подготвува да гледа на сè по патот во овој живот, и тоа со очите на вечноста. Во тој случај тоа што пред тоа му се покажувало како тешко, жалосно, го вознимирувало неговото срце и ја потресувала неговата волја, сега веќе се покажува сосема поинако откако сè предал сецело во рацете на Бога. Тоа е нешто слично како едно дете кое плаче од страв од нешто и се смирува престанува да плаче одкако ќе се најде во рацете на својата мајка.

Бремето Христово - е лесно бреме според зборовите на Отецот. Се поставува прашање - зошто? Затоа што никој од нас, кој е повикан од Него, да го земе јаремот Негов на себе, не е оставен сам во носење на тој јарем. Господ нè подржува на сите наши животни патишта со Неговата помош, со Неговата Мајка, преку сите свети, на кои им се обраќаме од сè срце за помош. Ние кога се молиме или пееме: “ Пресвета Богородице, спаси нас” или “свети Клименте моли Го Бога за нас “ – ние не ги изговараме само зборовите на молитвата, туку и веруваме во тоа дека Божјата Мајка со Својата Мајчинска љубов ќе ни помогне да се спасиме за вечен живот, и кога ги молиме светиите и угодниците Божји ќе бидат наши молитвеници и ќе бидат спроводници на Божјата помош во сите наши животни потреби. Ние имаме богата помош од небото, илјадници невидливи раце се испружени кон нас, за да ни помогнат да нè поведат по нив, да ни помогнат во носењето на животниот крст и се трудат за спасение на нашите души и за добивање на Царство Божјо.

Ако ние ги запазуваме заповедите Божји и ако го следиме неговиот повик “ земете го Мојот јарем на себе …” да веруваме во силата Божја на овие зборови. Тој јарем и тоа бреме ќе нè одведат во вечен живот, само тој јарем и тоа бреме можат да нè одведат таму, каде се насладуваат во славата Божја и светите Козма и Дамјан чиј спомен денеска светата Православна црква го чествува. Со Бога ќе одиме во вечен живот. Никогаш да нè заборавиме: дека јаремот Божји е благ и бремето Негово е лесно! Амин.

14.07.2009 год. Свети Врачи
Пештани црква св. Козма и Дамјан

pestani1

pestani1

pestani1

pestani1

pestani1

pestani1

pestani1

pestani1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5