На 26 јули 2009 година, Седма недела по Педесетница, во селото Скребатно - Охридско се изврши преосветување на црква посветена на Успението на Пресвета Богородица. Црквата е изградена 1928 година, но бидејќи се наоѓала во руинирана состојба, во поново време после преземените активности за нејзина санација, истата е доизградена и фрескоживописана. Чинот преосветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, јереј Кирил Јованоски, јереј Игор Никовски, јеромонах Јосиф и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски. После чинот на преосветување се отслужи света божествена архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит г. Тимотеј. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

bridge media | 【国内4月24日発売予定】ナイキ ウィメンズ エア アクア リフト 全2色 - スニーカーウォーズ

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин

И одеше Исус по сите градови и села и поучуваше по нивните синагоги го проповедаше Евангелието за царството и лекуваше секаква болест и секаква немоќ во народот. (Мат. 9, 35)

Светиот апостол и евангелист Матеј во своето Евангелие, помеѓу другото зборува и за чудото на Господа Исуса Христа за излекување на двајцата слепи, луѓе кои оделе по Христа и викајќи по Него се молеле: „Смилувај ни се, сине Давидов“ (Мат. 9, 27). Христос им поставува прашање: Дали верувате дека е можно тоа да го направам? Тие одговориле: Да, Господи. Тогаш Исус ги допира нивните очи велејќи: „Нека ви биде според верата ваша“ (Мат. 9, 29-30).

Пред паѓање во грев нашиот праотец Адам можел да комуницира со Бога, и да го гледа Неговото лице, но, гревот потполно ја изменил првобитната човечка природа; човекот оддалечен од Бога неможел повеќе да го гледа Неговото свето лице. Адам паѓајќи во грев ја навлекол на себе осудата Божја, морал со пот на своето лице да го заработува својот леб. Еден грев раѓал друг и така се одело во недоглед. Го снаоѓале разни искушенија, беди и болести. После Адама неговите наследници не престанале да грешат, туку правеле уште повеќе престапи кои исто така ги оддалечувале од нивниот Создател. Знаеме дека милостивиот Отец Небесен им ветил на луѓето избавување, дека ќе им го испрати Месија, Кој ќе ги избави од гревот, смртта и ѓаволот, и ќе го избави грешниот човеки род од сите беззаконија и зла.

Бог го исполува ова ветување. Доаѓа Избавителот, Синот Божји, на земјата за да го обнови човекот и да го врати кон Бога очистен од грев, да го соедини со Бога; да ја воспостави нарушената заедница со него; луѓето да ги излекува од сите душевни и телесни болести и да им даде помош и да им создаде можност да се вратат во изгубеното царство Божјо. Во својата возвишена мисија на подигнување и спасување на паднатиот човек, Христос проповедувајќи ја Својата наука во царството Божјо, правел многу чуда. Така евангелистот Матеј во денешното Евангелие ни зборува за Христовото чудо за враќање на видот на двајца слепи луѓе. Станува збор за двајца грешници кои слушнале дека поминува Христос исцелителот и најголемиот лекар кој лекува телесни и духовни болести; тргнале радосно по Него да молат за долго посакуваното исцелување. Верата била движечка сила која ги довела кај Христа. Слушајќи го Христа тие викаат и молат да ги помилува и да ги излекува. Господ ја слушнал нивната воздишка и молба, но не им ја дава веднаш бараната помош сакајќи нивната вера да се засили; да ги побуди на покајание, бидејќи болеста е последица на нивниот грев - порочен живот. Тие и понатака викаат и молат за помош. Тогаш Христос за да ги наведе да ја искажат својата засилена и утврдена вера, им поставува прашање: „Верувате ли дека можам тоа да го направам“. Нивната засилена и цврста вера дава одговор: „Да, Господе“. Кога нивното искрено признавање на грешноста ја засилило нивната вера, молбата им е услишена. Господ во исто време ги излекувал и од душевните и од телесните болести - и им го вратил видот. Така Господ излекувајќи го телото, прво ја излекувал душевната болест; ја изгонува од нивните души причината на болеста - гревот, а потоа доаѓа оздравување и на душата и на телото. За тоа се зборува и во канонот на утренската богослужба кога пееме: „Ти Кој си им ги отворил очите на оние кои не го виделе видливиот свет, си ја просветил и зеницата на душата“. Господ Исус Христос е дојден на земјата да им ги отвори на луѓето духовните очи, за да можат да Го видат и да Го познаат единиот вистински Бог и Неговиот единороден Син Спасителот на светот Господ Исус Христос.

Најголема цел на секој христијанин е вечен живот. Евангелскиот текст која се чита на светата литургија на оваа седма недела нè поучува по кој пат треба да одиме за да го достигнеме вечниот живот. Пред сè треба да имаме силна вера. Верата е темел на нашиот духовен живот. Без вера не е можно да се угоди на Бога, бидејќи оној кој сака да дојде до Бога треба да верува дека го има Бога и дека им помага на оние кои го бараат.

А без вера не е можно да му се угоди на Бога (Евр. 11, 6). Тоа е патот по кој оделе и слепите од денешното Евангелие, тоа е трнлив пат, пат на покајание и таков патот треба да биде на секој човек христијанин. Кога човекот оди ревносно по Христа никакви препреки не можат да го поколебаат на тој пат. Бидејќи тој својот животен подвиг не го носи сам; со него е Господ. Таквата врска со Христа донесува благодатно обновување на срцето и душата на човекот. За наше духовно утврдување и зацврстување Господ на црквата и дал свети тајни. Преку нив на верниот христијанин му се дава благодат на Светиот Дух, Кој ги обновува од внатре неговите духовни сили. Светите тајни допринесуваат човек кој живее со живот на црквата, да проникнува подлабоко и да доаѓа побрзо и полесно до Богопознавање. Ако непрестајно мисли на обновување на својата душа ќе оди за нашиот Господ Исус Христос, правејќи добри дела и напредувајќи во исполнување на заповедите Божји. Тогаш ќе можеме со милоста Божја да ги засилиме нашите духовни очи со божествената благодат, и во идниот живот ќе бидеме удостоени да се соединиме со Господа и заедно со сите Божји угодници да го прославуваме единиот и вистински Бог.

И денеска наоѓајќи се во овој возобновен, доизграден и препороден како надворешно уште повеќе и внатрешно, а со залагање на верните чеда од ова село и градот Охрид, посведочуваме дека сме следбеници на прадедовската ни вера православна како чувари на својата света црква на Македонската православна традиција, се разбира и вера. Нека овој свет храм биде вистинско лечилиште на секоја христијанска душа, како од телесни така и од духовни болести, за да ни се отворат духовните очи за да можеме подобро и вистински да ја согледаме вистинска вера православна да ја запознаеме да ја засакаме и што е најважно според неа и да живееме, и да бидеме чеда на светлината и исповедници и проповедници на нашиот Спасител Гопосд Исус Христос.

На сите помагачи и приложници на овој свет храм, како архиереј на МПЦ, им искажувам топла благодарност, а од мајката Божја им посакуваме таа да им биде нивна молитвеница пред престолот на нејзиниот Син и наш Господ Исус Христос, а Тој да им подари сè што е спасоносно на нивните души и тела. Благословот Божји нека биде на сите вас, драги христијани, сека секогаш и во вечни векови. Амин.

26.07.2009 година, Преосветувње на црквата Св. Богородица - с. Скеребатно,
Седма недала по Духовден на слепиот

DSC 0976

DSC 0972

DSC 0972

DSC 0972

DSC 0972

DSC 0972

DSC 0972

DSC 0972

DSC 0972

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5